20 Декември, 2025
0.0370

Астро IQ: Трите најпаметни хороскопски знаци

Објавено во: Општо 15 Декември, 2015 19:08

Добивај вести на Viber

2

Скорпија 

Ниеден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Речиси не постои работа во која нивниот продорен поглед и шесто сетило не можат да продрат. Тие секогаш тежнеат во се да почувствуваат длабочина, да загребат под површината и да ја увидат вистинската смисла. Со нив не се обидувајте да манипулирате затоа што тие се оние кои го прават тоа, а многу лесно ги откриваат намерите на другите луѓе. 

Стрелец 

Виорни и со љубопитна природа како Близнаците секогаш имаат потреба да дознаат повеќе и делуваат често мошне несериозно. Меѓутоа, тие се и тоа како проникливи и добро знаат да ја проценат ситуацијата. Многу се друштвени и знаат како да се однесуваат со луѓето. Не им е проблем уште на прв поглед да придобијат симпатии кога ќе се најдат во ново друштво, а исто така и добро да проценат кој каков е. Меѓу припадниците на овој знак има многу научници, а математиката и воопшто природните науки им се посилна страна. Сакаат да вложуваат во себе и во својот интелект во текот на целиот живот.


Претходна страна