АТЕНТАТОТ НА ТРАМП Е НАЈГОЛЕМОТ ОПЕРАТИВЕН НЕСУПЕХ НА ТАЈНАТА СЛУЖБА: Директорката Кимберли Читл поднесе оставка
Објавено во: Свет 23 Јули, 2024 17:40
Директорката на
тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка поради истрагата за безбедносни
пропусти поврзани со неодамнешниот обид за атентат врз поранешниот претседател
Доналд Трамп, изјавија извори за Си-Ен-Ен.
-Атентатот на Трамп е најголемиот оперативен неуспех на Тајната Служба, изјави вчера Читл, одговарајќи на прашања на републиканските конгресмени пред Надзорната комисија на Претставничкиот дом.
Читл, која беше под притисок од конзервативците да поднесе оставка поради необезбедувањето на митингот на Трамп во кој загина едно лице, а трие беа ранети, вклучувајќи го и поранешниот шеф на Белата куќа, рече дека агенцијата целосно соработува со истражителите.
Директорката на федералната агенција тврди дека се уште нема одговор на прашањето зошто немало оперативци на покривот од кој Томас Метју Крукс отворил оган. Одговарајќи на тврдењата на републиканците дека Тајната служба одбила да обезбеди ресурси за заштита на Трамп, таа истакна дека нивото на безбедност на поранешниот претседател е зголемено многу пред изборната кампања и постојано се зголемувало како што се развивале заканите.
ФОТО: EPAМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




