07 Август, 2024
0.1585

АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ ПОД ЗАКУП: Новата видео лотарија во Македонија почнува со работа

Објавено во: Економија 07 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ Доо Скопје, компанијата специјализирана за видео игри на среќа формирана лани од АД Државна лотарија и австрискиот гигант ХТЛ, ќе почне со работа на повеќе од 40 атрактивни локации низ земјата, дознава „Фактор“.

Не е познато колку од овие локации се новозакупени, но ги има околу 20-тина во Скопје на главните булевари како Партизански Одреди, Јане Сандански, Илинден, но и прометни улици како „Никола Вапцаров“ во строгиот центар на главниот град и „Љубљанска“ кај Скопје Сити Мол.

Ќе ги има и во околината на Скопје, но и во рурални средини како Ново Село, Илинден и Теарце. По три ќе ги има во Штип и Тетово, по две во Кавадарци и Охрид и преостанатите во речиси секој друг град во земјата. Локациите за играње на ВЛТ-апарати веќе се регистрирани како подружници од страна на „Ново ВЛТ“.

На интернет страницата на „Ново ВЛТ“ може да се прочита дека во јуни имало објавен оглас за закуп на деловен простор во Скопје во временски период од 10 години. Се бара објектот да е „со површина од 250м 2 до 370м 2 деловен простор, 400м 2 до 500м2 површина за магацински простор и паркинг простор за најмалку 10 (десет) патнички моторни возила“.

Изминатиот период беше објавено дека во јуни постизборно бил постигнат договор преку јавна набавка ХТЛ да и продаде ВЛТ-апарати на оваа нова компанија за игри на среќа во вредност од 16 милиони евра како рамковна спогодба.

АД Државна лотарија пред околу 16 месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ.Инаку ХТЛ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

За управител на Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ е назначен Ванчо Зунзуровски. Членови на Надзорниот одбор се Перпарим Бајрами, Артин Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска и Омер Буњаку.

Актуелната власт најави дека ќе го ревидира претходното формирање на нови компании за игри на среќа од страна на АД Државна лотарија.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

КОЈ ПЛАТИ 160 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА - помина блок трансакција од 161 илјади евра

КОЈ ПЛАТИ 160 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА - помина блок трансакција од 161 илјади евра

КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ „ЗУЈАТ“ ПО УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ: Кина обезбеди е-автобуси и автономни возила за Олимпијадата

КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ „ЗУЈАТ“ ПО УЛИЦИТЕ НА ПАРИЗ: Кина обезбеди е-автобуси и автономни возила за Олимпијадата

МОЖНА ЛИ Е ЕДНОСТАВНА ЗАМЕНА НА ЈАГЛЕНОТ СО ПРИРОДЕН ГАС ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА РЕК БИТОЛА? Професорот Трајковски со одговор

МОЖНА ЛИ Е ЕДНОСТАВНА ЗАМЕНА НА ЈАГЛЕНОТ СО ПРИРОДЕН ГАС ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ НА РЕК БИТОЛА? Професорот Трајковски со одговор

РАСТЕ СТРАВОТ ЗА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Дали Америка влегува во рецесија?

РАСТЕ СТРАВОТ ЗА НАЈГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Дали Америка влегува во рецесија?

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот, обезбедивме пари за плати и набавка на опрема

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот, обезбедивме пари за плати и набавка на опрема

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“