„Авицена“ и „Биотек“ речиси со двојно поголеми добивки во 2021
Објавено во: Економија 16 Април, 2022 08:08
Вкупниот профит на најголемите три приватни лаборатории „Авиоцена“, „Биотек“ и „Никоб“ лани изнесува 6,8 милиони евра. Тоа е речиси двојно повеќе од профитот на најдобитните три лаборатории во 2020 година.
Откако ја зајакнаа својата пазарна позиција во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот, најголемите приватни лаборатории лани ги зголемија приходите за 70 отсто во споредба со претходната 2020 година.
„Авицена“ има приход од 7,1 милиони евра и профит од 2,8 милиони евра. Добивката на ова друштво пораснала за 75 отсто во споредба со 2020 година.
„Биотек“ од своите услуги наплатил 6,1 милиони евра, а добивката лани во споредба со претходната споредбена година пораснала за 1 милион евра и достигнала 2,6 милиони евра.
Новиот играч во големата тројка „Никоб“ направи приход од 4 милиони евра. Од тие пари 1,4 милиони евра останале како чист профит.
Повеќе на следниот линк.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




