20 Декември, 2025
0.1642

АВМУ ја заокружи имплементацијата на проектот „IPA TAIB 2009“

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2015 18:34

Добивај вести на Viber

На завршна Конференција, со презентирање на резултатите и придобивките од ИПА ТАИБ 2009, проект на Европската Унија посветен на „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми, за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ги заокружи предвидени активности, согласно овој проект. Во реализацијата на проектот се вклучија, голем број на домашни и странски експерти, чии насоки допринесоа во стекнување на квалитетна едукација, нови знаења и стекнати искуства, за развој на капацитетите на вработените во АВМУ.

  • Развојот на капацитетите на регулаторните тела за медиуми, за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги, треба да биде предизвик, но и поттик за усовршување, просперитет и ефективен напредок во медиумската сфера, како и дополнителен мотив за создавање партнерства и меѓусебна доверба со сите засегнати страни во општеството - истакна д-р Зоран Трајчевски, Директор на АВМУ, при презентирањето на резултатите од проектот.

Имплементацијата е спроведувана етапно, во две компоненти, поделени низ неколку активности. Првата компонента беше посветена на градење на организацискиот капацитет на АВМУ и ја сочинуваа 11 дефинирани активности, кои опфатија повеќе области. Развиена е Методологија за спроведување на анализи на медиумските пазари, од која произлезе анализата на пазарот во конвергирано опкружување, по однос на методологијата од Европската Унија, за конвергентни медиуми. За потребите и имплементацијата на новите правила за медиумска концентрација, изработена е студија, која дава преглед на регулаторните мерки и иницијативи, кои во моментов се воспоставени на европско ниво. Направена е анализа на постојната ситуација во земјата, во однос на заштитата на авторските и сродните права, земајќи го предвид, развојот на новите технологии и интернетот и нивното влијание, врз заштитата на дигиталната содржина.

Новата Директива за аудиовизуелни медиумски сервиси, бара од регулаторите, да поттикнуваат активности за усвојување саморегулаторни акти во посебни области. За таа цел спроведена е Анализа за саморегулација и корегулација, каде се детектираат областите на саморегулација и корегулација во земјата, кои можат да бидат поддржани од страна на АВМУ и како комплементарна форма на регулацијата. АВМУ во соработка со Паоло Челот, генерален секретар на Европската асоцијација за интереси на гледачите, ја разви Нацрт програма, за поттикнување на медиумската писменост во Република Македонија. Целта на Програмата, е да се обезбедат насоки за развој и промовирање на медиумската писменост во Република Македонија.

Втората компонента од проектот, го опфати Законското усогласување со легислативата на Европската Унија. Проектот ја даде потребната поддршка во изготвување на 12 подзаконски акти, во однос на класификацијата на видовите програми; определувањето на форматите на програмските сервиси; за емитувањето изворно создадена програма и музика на македонски, односно на јазиците на етничките заедници, како и за емитувањето европски аудиовизуелни дела; за комерцијалните комуникации какви што се спонзорството, пласирањето производи, новите рекламни техники; за донесување Листа со настани од големо значење, и правото на кратко известување од настани за кои се стекнати ексклузивни права за емитување; за емисиите со наградно учество и за користењето телефонски услуги со додадена вредност.

На Конференцијата свое излагање имаа и г-дин Клауке, од Делегацијата на ЕУ, како и Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација кои го искажаа задоволството од спроведениот проект и резултатите и вредностите кои произлегоа од него.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии