15 Декември, 2025
0.0435

АВMУ ЗА ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Медиумите внимателно да известуваат

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 09:07

Добивај вести на Viber

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.

Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. 

„Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано. Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување“, велат од АВМУ. 

Воедно медиумите треба да прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан.

Можеби ќе ве интересира

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите