Австралија ќе издаде рекордни над пет милиони визи
Објавено во: Економија 21 Април, 2015
Австралија ќе издаде, за прв пат, повеќе од пет милиони визи оваа година, претставувајќи го обемот и големината на политичките предизвици невидени од Втората светска војна, соопшти „The Sydney Morning Herald“.
Растечкиот број студенти, туристи и работници со краткорочни визи значи дека 1,9 милиони странци е веројатно да бидат во земјата во секое време во текот на 2015 година, според Микеле Пезуло, претседател на одделот за имиграција.
Бројот на традиционалните постојани имигранти исто така расте, како за оваа година се очекува да го надмине сегашниот рекорд од 185 000 од 1969 година.
Тој нагласува дека брзо се дислоцира етничкиот состав на имигрантите - од Европа кон Источна и Јужна Азија.