06 Октомври, 2024
0.0246

На кого ќе му се качи шеќерот? Што „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ за 4,7 милиони евра?

Објавено во: Економија 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Од својот најголем акционер „Европа“ ќе си купува шпедитерски и транспортни услуги, организира исхрана, но предвидено е и купување и продажба. Во објавата на берза пишува дека соработката ќе биде по тековни пазарни услови

Најстарата, а и една од најголемите македонски кондиторски индустрии „Европа“ ќе плати 4,7 милиони евра за да купува услуги и стоки од „Фершпед“ во периодот што следува. Ова го одлучија акционерите на „Европа“ во петокот на последното акционерско собрание. Согласно законската регулатива што ја регулира работата на акционерските друштва одлука за бизнис од овој обем (над 26 отсто од активата на „Европа“) мораше да одобрат акционерите на компанијата.

Според информацијата што е објавена на СЕИ – НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност, „Европа“ доби одобрение од своите акционери да плаќа услуги и стоки од „Фершпед“ во вредност од 290 милиони денари односно 4,7 милиони евра. Станува збор на деловна соработка во која „Фершпед“ на „Европа“ ќе и испорача и фактурира шпедитерски услуги и организација на транспорт, организирана исхрана, аванси, гаранции, купување и продажба, но и други услуги, наведено е во објавата на берзата.

Народски кажано, кондиторската индустрија „Европа“ со оваа зделка со заинтересирана страна декларирала јавно, но и се обврзала 4,7 милиони евра да исплати на најголемиот свој акционер „Фершпед“. Ставено во контекст за да биде појасно „Европа“ со овие договори се обврзува износ во вредност од една третина од целиот свој годишен приход да плати за стоки и услуги од својот најголем акционер. За волја на вистината во берзанското известување е наведено дека договорите меѓу двете страни ќе бидат формирани врз пазарни цени. А на овој линк ги има сите детали за оваа зделка со заинтересирана страна https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=69128

Од друга страна ова значи дека „Фершпед“ (врз основа на реализацијата за 2023 година) во своите приходи во идниот период може да очекува да исполни над 6 отсто од својот план за приходи само со зделките од „Европа“.

„Фершпед“ е најголем поединечен акционер во скопска „Европа“ и таму контролира 21,8 отсто од акциите. Но со оглед на тоа дека „Европа“ во сопствен откуп чува 10 отсто од акциите, реално гласовите на шпедитерот се 30 проценти од сите акции со право на глас.

Втор најголем акционер е скопски „Макошпед“ кој исто така е под индиректна контрола на „Фершпед“. Други големи акционери во „Европа“ се кичевската фирма „АС Сењак„ со 18 отсто акции и странските државјани Мила Левентиќ со 8,7 отсто акции и Есамедин Хасани со 6,25 проценти акции.

“Европа“ исто како и „Фершпед“ важи за успешна компанија која остварува добивки од работењето, бележи раст на портфолиото и приходите, а и редовно дели дивиденда на своите акционери. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона