Австралија развива спреј против коронавирусот
Објавено во: Корона Вирус 28 Септември, 2020
Австралиската биотехнолошка компанија Ена Респиратори соопшти дека спрејот за нос што го развива за да го подобри имунитетниот систем на човекот во борбата против настинките и грипот значително го намалил растот на коронавирусот.
Како што беше најавено, тоа беше утврдено во неодамнешна студија за животни, пренесува Ројтерс.
Студија, предводена од Агенцијата за јавно здравје на Англија, спроведена на творови, покажа дека производот наречен ИННА-051, што може да се користи како додаток на вакцините, го намалува нивото на вирусот што предизвикува КОВИД-19 до 96 проценти.
Компанијата соопшти дека ќе биде подготвена да го тестира ИННА-51 на луѓе за помалку од четири месеци, откако ќе добие регулаторно одобрување.
Инвестирани се 8,24 милиони долари за развој на спрејот.
Бројот на заразени лица во светот достигна 32,88 милиони, а бројот на смртни случаи е 992.953.
Од избувнувањето на вирусот корона, во Кина во декември минатата година, вирусот е пријавен во повеќе од 210 земји и области низ целиот свет.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.