Австриски инвеститори во Македонија: Огромен јаз меѓу бизнис приоритетите и реалноста!
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2016 08:29
Според анализата, дури 58% од анкетираните сметаат дека оваа година ќе биде слична како и предходната, додека пак 23% од анкетираните сметаат дека годинава ќе биде малку полоша од претходната година, што укажува на зголемен песимизам, ако се погледнат очекувањата то ги имале во 2015 година споредено со 2014 година.[/caption]
Австриските бизнисмени станале и песимисти во однос на нивните ставови за тоа дали Македнија прави доволно за привлекување на странски инвеститори.
[caption id="attachment_201108" align="aligncenter" width="627"]
Австриските бизнисмени не сметаат дека Македонија прави доволно за привлекување на странски инвеститори.[/caption]
Иако, 46% од анкетираните сметаат дека досегашниот развој на Македонија во однос на привлекување на странски ивеститори е задоволителен, сепак се гледа дека годинава за разлика од лани, се намалил процентот на австриски бизнсимени кои сметаат дека земјава е на задоволително ниво во однос на привлекување на странски директни инвестиции. Лани, ваков став имале дури 51% од анкетираните.
Но, истовремено, се зголемил и бројот на оние кои сметаат дека за ова прашање Македонија треба да добеи незадоволотелна оценка. Па така, лани само 10% од анкетираните сметале дека Македонија може да добие незадоволителна оценка во однос на привлекување на странски инвеститори, а годинава тој процент е зголеме повеќе од двојно, и сега дури 23% од анкњтираните сметаат дека земјава е на незадоволително ниво по однос на ова прашање.
Австриските бизнисмени, меѓу другото во анкетата посочуваат и дека за нив е особено важно, и приоритет на државата, покрај борбата против корупцијата и политичката стабилност, треба да биде и правната сигурност.
Вкупната вредност на директните инвестиции од Австрија во Македонија, во 2015 година, изнесуваат 516,3 милиони евра со што Австрија е втор најголем инвеститор во земјава. Првата позиција ја зазема Холандија, а на третото и на четвртото место се Грција и Словенија.
С.Н.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




