17 Мај, 2024
0.2418

Австриските инвеститори задоволни од бизнис климата во Македонија

Објавено во: Економија 11 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Атрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции е добра и задоволителна, оценуваат австриските компании кои работат во земјава. Посочуваат дека Македонија има направено многу во подобрување на бизнис климата, но дека се уште има некои работи кои треба да се подобрат.

- Австрија е втор странски инвеститор во Македонија со 485 милиони евра и е активен во многу индустрии. Во земјава се основани 45 компании од Австрија кои најмногу работат во услужниот сектор, рече на денешната прес-конференција Герхард Шлатл од трговското аташе при Австриската амбасада, кој најави дека интерес има и за нови инвестиции, односно дека се разговара со 2-3 компании за влез на македонскиот пазар.

Посочи дека не може да се очекува да се големи производствени објекти, но додаде дека и оние во услужниот сектор вработуваат многу луѓе. Очекува да се пројави интерес за инвестирање и од присутните компании на одржаниот бизнис форум во Виена, минатата недела на кој беа претставени бизнис можностите во Македонија.

Австриските компании кои работат во Македонија, според анкетата спроведена во летниот период, посочиле дека се со пооптимистички погледи за економската состојба во наредната година, изразуваат оптимизам во поглед на ситуацијата во нивниот сектор и економската ситуација во секторот, особено очекуваат подобрување на состојбата во делот на инвестициите, бројот на вработените и прометот.

Како што рече Шлатл, австриските инвеститори забележуваат дека треба да се подобри состојбата во делот на плаќањата, повратот на ДДВ, инфраструктурата, работата на администрацијата и бирократијата.

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП