АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА BYD ГО ПРЕСТИГНА ТЕСЛА: Во 2024 испорача скоро 510.000 возила
Објавено во: Економија 07 Јануари, 2025
Во 2024 година, кинескиот производител на електрични возила BYD ја надмина американската компанија „Тесла“ и стана најголемиот светски производител на електрични возила.
Блумберг наведува дека обемот на продажба на електрични возила BYD достигнал ниво од 4,25 милиони единици во текот на 2024 година. На овој начин кинеската групација го премости јазот со американскиот производител „Тесла“.
BYD доживеа солидна експанзија во 2023 година, зголемувајќи го производствениот капацитет на компанијата, како и бројот на вработени, така што приходите во третиот квартал од 2024 година ја надминаа остварената реализација на лидерот во областа на електрични возила, компанијата Тесла. Кинеската компанија со седиште во Шенжен испорача 509.440 автомобили во категориите на plug-in хибриди и возила со батерии во декември 2024 година. Годишните приходи лани се зголемени за 41 отсто.
фото: EPA-EFE/JESSICA LEE