ФИЛИПЧЕ И МИЦКОСКИ СИ ЧЕСТИТАА БОЖИК ВО ХРАМОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ: Лидерот на опозициската СДСМ објави фотографии од свечената литургија
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2025
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче објави фотографии од денешната свечена литургија по повод најголемиот христијански празник Божик што се одржа во Храмот „Свети Климент Охридски. Филипче и премиерот Мицкоски во светиот храм си го честитаат празникот, а на една од фотографиите поранешниот министер за здравство се ракува и со претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Во неговата објава на Фејсбук, Венко Филипче напиша:
Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди на сите православни верници, им го честитам големиот христијански празник – Божиќ!
Денеска присуствував на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Денешниот ден е празник кој обединува, сплотува и кој значи безусловна љубов. Нека раѓањето Христово биде поттик да се потсетиме на вредностите кои не обединуваат – солидарност, хуманост, разбирање, заедничка грижа за доброто на секој човек.
Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење
Посакувам Божиќ да донесе благосостојба, мир и спокој во секое семејство, во секој дом.
Христос се роди! Честит Божиќ!
фото: ФБ