09 Јануари, 2025
0.0296

„ОД КАДЕ ПАРИ ЗА СТАН ВО СКОПЈЕ?“ – цените на недвижнините упорно растат, граѓаните прашуваат кој и како ги купува имотите

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Македонците очигледно се подготвени да ја платат секоја цена само да дојдат до свој дом. Иако, спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан не стивнува.

И најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат нов раст на цените на недвижностите во земјава, и тоа за високи 10 проценти. Оваа година за разлика од претходните поскапувањето на становите и деловните објекти е со намалено темпо, но сепак, со оглед на зголемената основа, новото поскапување на недвижностите укажува дека цените „немаат плафон“.

За потсетување, согласно податоците на НБРМ во третиот квартал цените на недвижнините се зголемија за 8 проценти, што беше за нијанса пониско од вториот квартал кога поскапувањето достигна 11,5 проценти. Првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на цените на недвижнините.

Овој тренд на значително поскапување на имотите започна со четвртиот квартал во 2021 година, и продолжи низ цела 2022 година, кога становите поскапеа и најмногу, но трендот продолжи и во текот на минатата и оваа година. Како што покажуваат бројките крајот на минатата година и почетокот на оваа година се појавија знаци на стагнација на цените, но вториот квартал и третиот повторно има поскапување.

Сепак, и покрај растот на цените на становите, интересот за купување не стивнува. Пописот на населението од пред две години покажа дека од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. 

Но, и покрај високите бројки на празни станови, низ Македонија, а особено Скопје се гради со несмален интензитет. Упатените велат дека не очекуваат пад на цените поради фактот што не спласнува ниту интересот за купување станови.

Сопственик на една агенција за недвижнини во главниот град вели дека побарувачката е задоволителна, и не забележуваат знаци за намалување.

-  Побарувачката е голема. Малите станови се продаваат веднаш, додека поголемите може да почекаат некој месец. Но, сепак, нема стан кој стои подолг период непродаден, затоа не очекувам намалување на цените. Можеби цените се превисоки, особено ако се земе предвид дека има станови кои се продаваат по цени над 2.200 евра, но, и тие се продаваат, поради што не очекувам трендот да се промени. Може ќе почнат да стагнираат, но намалување на цените не очекувам – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Македонските граѓани збунети и зачудени, велат цените се превисоки и прашуваат кој и како може да си дозволи да купува станови по актуелните цени.

-  Добивме средства од денационализација, не станува збор за голема сума, но сакавме да ги инвестираме во стан. Сега сме искрено во недоумица што е попаметно. Прашувавме колку се становите низ центарот на Скопје, и останавме запрепастени. Имаше неколку градители, кои според мене и не се нешто познати кои ни побараа над три илјади евра, а еден и четири илјади евра за метар квадратен, под изговор дека гради ексклузивен луксузен објект. Не можам ни да замислам кој купува толку скапи станови, колку заработуваат за да платат толку високи цени. Со овие цени, немаме ниту за учество од сумата со која располагаме, а искрено не сакаме следните 30 години да плаќаме кредит, така што сега бараме нов начин за нивно инвестирање – вели еден четириесет годишен скопјанец, познат на редакцијата.

Економистите укажуваат дека „вложувањето“ на вишокот пари во недвижнини, или недостигот на идеи за инвестирање и „чување“ на парите во станови кои можеби ќе ги издадат, но кои важат за сигурна инвестиција, која не губи од вредноста е една од причините кои придонесуваат да растат цените на недвижностите. Поради ниските камати на депозитите, многу граѓани, наместо да ги оставаат парите во банки, купуваат станови, кои потоа ги изнајмуваат или ги чуваат за членови од семејството. Според експертите, оние граѓани кои немаат доволно за плаќање на становите комбинираат со кредити, но се заедно придонесува за нов раст на цените на недвижнините.

Градежниците пак признаваат дека во формирањето на цените на недвижностите не играат улога само трошоците за материјали и работна рака, туку дека голем уддел имаат и цените на парцелите, но и желбите на дел од градежните компании за големи профити.

-  Ако цените зависеа само од трошоците тогаш ќе имавме исти цени за недвижности низ цела земја. Значи и цените на становите во Штип, Струмица, Кавадарци, Петровец и Илинден ќе бидат исто над две илјади евра, но не се. Во Скопје цените ги зголемуваат сопствениците на парцелите, кои многу ги зголемија цените, но и фирми кои сакаат со една градба да заработат многу. За многу приватници профитот е на прво место и тоа многу влијае врз цените – вели градежникот Никола Велковски.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ВАКА РАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Важно е да знаете како тоа влијае на вашата пензија

АКО ВАКА РАБОТИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Важно е да знаете како тоа влијае на вашата пензија

ОГРОМЕН ЈАЗ: Директорите за 29 часа заработуваат повеќе отколку што заработува работникот една година

ОГРОМЕН ЈАЗ: Директорите за 29 часа заработуваат повеќе отколку што заработува работникот една година

ЕВЕ КОЈА МОНЕТА ОД ДВЕ ЕВРА Е НАЈСКАПА: Како да ја препознаете?

ЕВЕ КОЈА МОНЕТА ОД ДВЕ ЕВРА Е НАЈСКАПА: Како да ја препознаете?

КАЗНИ И ДО 5.000 ЕВРА: Возачите се соочуваат со казни во земјите кои се омилени ски дестинации на Балканците

КАЗНИ И ДО 5.000 ЕВРА: Возачите се соочуваат со казни во земјите кои се омилени ски дестинации на Балканците

КОЈ ЈА ИМА ОВАА ПАРИЧКА, МОЖЕ ВО ЏЕБ ДА СТАВИ 5000 ЕВРА! Проверете да не случајно го имате овој лик на паричката, носи вистинско богатство!

КОЈ ЈА ИМА ОВАА ПАРИЧКА, МОЖЕ ВО ЏЕБ ДА СТАВИ 5000 ЕВРА! Проверете да не случајно го имате овој лик на паричката, носи вистинско богатство!

ЕВЕ КАКО СЕ ГРАДИ ИМПЕРИЈА: Од „Пејпал“ до „Спејс“ - како Илон Маск стана тоа што е денес?

ЕВЕ КАКО СЕ ГРАДИ ИМПЕРИЈА: Од „Пејпал“ до „Спејс“ - како Илон Маск стана тоа што е денес?

НЕТО БОГАТСТВОТО НА ГЕЈТС - ЕВЕ КАКО КООСНОВАЧОТ НА МАЈКРОСОФТ ГИ ТРОШИ СВОИТЕ 160 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Најголем дел од листата се однесува на недвижен имот, автомобили и филантропија

НЕТО БОГАТСТВОТО НА ГЕЈТС - ЕВЕ КАКО КООСНОВАЧОТ НА МАЈКРОСОФТ ГИ ТРОШИ СВОИТЕ 160 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Најголем дел од листата се однесува на недвижен имот, автомобили и филантропија

ОВА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОРПОРАТИВНИ СПОЈУВАЊА ВО 2024: Вредноста на глобалните спојувања се опоравува

ОВА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОРПОРАТИВНИ СПОЈУВАЊА ВО 2024: Вредноста на глобалните спојувања се опоравува

ГИ ОТФРЛИ АКЦИИТЕ, ИЗГРАДИ „КУП“ ОД 300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ГО АЖУРИРАШЕ ПЛАНОТ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА БОГАТСТВОТО ПО СМРТТА: Ова се шесте чекори на милонерот Бафет

ГИ ОТФРЛИ АКЦИИТЕ, ИЗГРАДИ „КУП“ ОД 300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ГО АЖУРИРАШЕ ПЛАНОТ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА БОГАТСТВОТО ПО СМРТТА: Ова се шесте чекори на милонерот Бафет