20 Април, 2024
0.0267

Автопат ли е, или селски друм: За пола година само 5 милиони евра за Кичево-Охрид

Објавено во: Економија 28 Април, 2022

Добивај вести на Viber

За автопатот Кичево - Охрид, кој се гради осма година по ред, во втората половина од 2021 биле потрошени само нешто повеќе од пет милиони евра, покажува полугодишниот извештај на јавното претпријатие Државни патишта.

Прашање е дали со оваа динамика ќе се запази новопоставениот рок со законски анекс за изградба на оваа делница до крајот на 2023. Во првата половина од 2021 за овој автопат исто така било инвестирано скромно - 760 милиони денари. Ако на овие пари се придодадат 326 милиони од втората половина, тогаш излегува дека во текот на минатата година биле потрошени само околу 17,75 милиони евра.

Како споредба, може да се каже дека од година в година има се помалку трошења на овој автопат. Во 2020 биле потрошени околу 23 милиони евра, додека во 2019 сумата за инвестирање била 42 милиони евра.

Министерството за транспорт и врски за оваа година најави интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а за кој рокот за завршување повторно се пролонгира, овој пат до крајот на 2023 година.

Изградбата на автопатот, во должина од 57 километри, стартуваше во 2014 година во мандатот на претходната Влада. Требаше да биде готов до 2018 година, но по промената на власта, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот прво беше продолжен 30 јуни 2021.

Од ресорот транспорт очекуваат дека со усвојувањето на законските измени за анексот за продолжување на изградбата, градежните работи ќе се засилат со потребната динамика. Веќе се одобрени 63 од вкупно 70 нови проекти за автопатот и се отстрануваат институционалните пречки. Реализирани се 62 проценти од работите, а седумгодишниот проект чини 598 милиони евра.

Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крајот на 2023 година, отстапки повеќе нема да има, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски минатиот месец во Охрид. Досега, како што кажа, се изградени над 65 проценти, средства има и останува изведувачите да продолжат со градба и да ја завршат работата.

„Важно е дека државните процедури кои требаше да ги завршиме се при крај. Министерството веќе одобри 70 инфраструктурни проекти кои продолжија понатака во институциите. Министерството за земјоделство веќе работи за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, се работи и на имотно-правни работи, на експропријација на парцели. Сега останува на изведувачите, на механизацијата да излезе на терен и оваа градежна сезона да завршиме најголем дел од автопатот, секако и наредната за да на крајот од 2023 година автопатот биде пуштен во употреба“, рече Бочварски.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?