19 Декември, 2025
0.0444

АВТОПАТ НА СМРТТА: Дали имало пропуст во изградбата на обиколницата?

Објавено во: Економија 09 Август, 2016 09:01

Добивај вести на Viber

Дали имало пропуст во изградбата на обиколницата и дали некој ќе одговара се прашања што си ги постваува јавноста. Експертите сведочат за големи пропусти што доведоа до оваа ситуација. Катастрофата беше најголема на скопската северна обиколница, која до понатаму останува затворена. Поројните дождови ги носеа и ги расфрлија автомобилите низ нивите, автопатот се распука, банкините се скршија. Многу луѓе токму на оваа место едвај се спасија, а дел од загинатите токму на ова место ги загубија животите. Зошто оваа обиколница беше црна точка и најпогодена, кој треба да понесе одговорност, дали има грешки во градбата, дали се внимавало на одводните канали? „Морало да се води сметка дека со оглед на тоа каква е конфигурацијата на теренот источно и североисточно од обиколницата мора да постојат соодветни водозафати покрај автопатот, под автопатот и тие да продолжуваат кон поголемите собирни дренажни канали, реки кои би се одведувала водата кон главниот рецепиент, а тоа е реката Вардар. Но овие работи не се исполнети. Не знам со колкав точно проток се сметало кога е градена обиколницата но вообичано треба да се земе и можноста за ваква количина на врнежи, 90 па дури и до 120 милиметри на метар квадратен дневно и при тоа да имало соодветна димензионираност на одводните канали под сообраќајницата но и возводно кон самите порои мислам дека многу полесно ќе дојде до протекување на водата во поголемите дренажни канали а преку нив до реката Вардар. Вака се направи еден застој кој што предизвика натрупување на огромна количина на вода, според нашите проценки околу два до три милиони метри кубни вода од обиколницата до подножјето на Скопска Црна Гора што е навистина како една помала вештачка акумулација, и тоа предизвика огромена водопропустна моќ и уништување од такви размери, вели универзитетскиот професор Милевски. Живко Велјановски, универзитетски професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација. Во изјава за „Фактор“ вчера изјави дека во проектирањето на скопската обиколница се направени пропусти. „Знам дека ние, како Градежен факултет бевме ревизија на основниот проект за скопската обиколница.. Колку што се сеќавам ние професорите во нашата ревизија на основниот проект на обиколницата, баравме да се прифатат атмосферските води од над обиколницита, да не одат под патот и директно водите да се слеваат во Стајковци, туку инсистиравме да се обезбеди тие атмосферски води да не одат ниту над, ниту под патот, туку да се направи проект за да тие води се слеваат на безбедно, во Вардар. Одговорот тогаш беше дека ќе се направи проект, но колку што се сеќавам таков проект кај нас не беше дојден на ревизија. Не знам и не можам да кажам дали сега поплавите во Стајковци се токму поради ова“, изјави Велјановски. Инвестицијата на скопската обиколница изнесува 135 милиони евра. Таа е во должина од 26,7 километри, а беше пуштена во употреба во 2009 година.Свеченото отворање го означи тогашниот премиер Никола Груевски. Делницата е дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Надлежните тврдат дека оваа обиколница е градена според сите градежни стандарди. Т.Н

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите