19 Декември, 2025
0.0413

Автопатот од Скопје до Блаце ќе чини 18 милиони евра по километар

Објавено во: Економија 09 Септември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Автопатот што ќе се гради од Скопје до близина на граничниот премин Блаце ќе чини 186,7 милиони евра за изградба на делница од 10 километри. Ова е наведено во јавниот повик (тендерот) објавен од јавното претпријатие „Државни патишта“ на својата интернет страница.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

ЈПДП додава дека последните два километри до косовската граница веќе се финансирани од јавното претпријатие и таму градежните активности, како што велат од „Државни патишта“, се во тек.

„Проектот ќе ја финансира изградбата на нова под-делница долга 10 километри на автопатот TEN-T Рута 6 што оди од Скопје (обиколница Стенковец) до клучка Блаце, блиску до границата со Република Косово“, се вели во повикот.

Во законот за гаранција, кој веќе е изгласан во Собранието, е утврдена истата сума, а дополнително се наведува дека долгот ќе се отплаќа 16 години.  За двата коловоза на автопатот предвидени се вкупно 11 единечни тунели со вкупна должина од околу 4,8 километри, а предвидени се 9 мостови по коловоз во правец, во должина од 1,35 километри.

Проценет датум на почеток на проектот е 17 ноември годинава. Првата рата од заемот треба да се исплати во 2026. Автопатот би се градел 48 месеци.

Изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце доцни речиси една година. Во јануари 2020 година, властите потпишаа договор со градежно претпријатие Гранит за започнување на првиот дел од работите, поточно за изградба на два, од вкупно 12 километри, но рокот не се почитува.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?