„AY 4.2“- ПОДВАРИЈАНТА НА ДЕЛТА СОЈОТ ДЕТЕКТИРАНА КАЈ 11-ГОДИШНО ДЕТЕ: Момчето патувало од Молдавија во Израел
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2021
Израелските власти потврдија прв случај со подваријанта на делта сојот на ковид, што претходно беше откриен во некои европски земји.
Министерството за здравство на Израел посочува дека варијантата „AY 4.2“
е идентификувана кај 11-годишно момче, кое било тестирано на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина
на Тел Авив по враќање од Молдавија и веднаш било ставено во изолација.
Подваријанта „AY 4.2“ се појави неколку пати во Велика Британија каде што беше кажано дека подваријантите на делта сојот се ретки, а дека се чини оти не претставуваат ист ризик од многу повисока инфекција како други соеви.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.