05 Декември, 2025
0.1207

Азам-новата најголема јахта во светот

Објавено во: Стил 20 Август, 2013 11:35

Добивај вести на Viber

„Azzam“ е најголемата јахта на светот, според класификацијата прогласена од францискиот весник „Yaht France“. Долга е 180 метри и како што се претпоставува направена е за кралско семејство од Обединетите Арапски Емирати. Овој нов гигант според медиумите го презема водството од јахтата “Eclipse” на рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, долга 163,5 метри која три години по ред се задржа на лидерската позиција на листата која секоја година ја составува специјализираниот француски весник. Јахтата Azzam, која е  конструирана од  ѓерманската фирма Lirsen Jakts  опремена е со салон од 550 квадратни метри во автентичен стил, според решението на франциски дизајнер. Нјабројни сопственици на јахти во 2013-та година се од блискиот исток, 31 јахта, следни се Русите со 19 и Американците со 17 јахти. На трето место по својата големина се наоѓа јахтата “Dubai” со 162 метри во споственост на еден шеик.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: