19 Декември, 2025
0.0664

Азербејџан и Ерменија ќе потпишат договор во Белата куќа: Ќе отворат транзитен коридор именуван по Трамп

Објавено во: Свет 07 Август, 2025 19:44

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп утре ќе ги прими лидерите на Ерменија и Азербејџан во Белата куќа, при што ќе биде потпишан мировен договор, со кој САД ќе добијат ексклузивни права за развој на стратешки транзитен коридор низ Јужен Кавказ.

Двете земји не беа во добри односи и водеа неколку војни од крајот на 1980-тите кога Нагорно-Карабах, азербејџански регион со мнозинско ерменско население, се отцепи од Азербејџан со поддршка од Ерменија. Мировен договор би можел да го трансформира Јужен Кавказ, регион низ кој поминуваат нафтоводи и гасоводи, но беше обременет со затворени граници и долготрајни етнички конфликти.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан ќе му се придружат на Трамп на разговори и на потпишувањето на договорот, кажаа од Белата куќа.Нагор

Азербејџан побара транспортен коридор низ Ерменија за да го поврзе поголемиот дел од својата територија со Нахчиван, азербејџанска енклава што граничи со Турција. Во исто време, Ерменија ќе им додели на САД ексклузивни права за развој на овој транзитен коридор, што ќе биде именуван според Доналд Трамп.

Рутата ќе се управува според ерменскиот закон, а САД ќе го изнајмат земјиштето на конзорциум за инфраструктура и управување.

Алиев и Пашињан ќе потпишат и документи за распуштање на Минската група, формирана во 1992 година за посредување во конфликтот.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела