15 Декември, 2025
0.0355

„Отворен Балкан“

Азески: „АДОРА“, „ПЕКАБЕСКО“ И „МАКПРОГРЕС“ им ја кажаа вистината на балканските лидери

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2021 12:09

Добивај вести на Viber

Фактите за пречките во меѓусебната размена беа пресудни претседателот Вучиќ да изјави: „Фрустрирачки е она што ќе го договориме да не можеме до крај да го исполниме“

Белград, 4.11.2021 година. Палата „Србија“, состанок Вучиќ-Рама-Димитров, наспроти 15 бизнисмени од Србија, Северна Македонија и од Албанија. По отворената дискусија за проблемите при протокот на стоки и на услуги, со кои секојдневно се среќаваат бизнисмените, се слушна фрустрирачка констатација дека она што го слушнале политичките лидери е за неверување и дека, ако сакаме отворен Балкан, мора под итно да се реагира. Наместо 60, состанокот се протегна на 100 минути, во кои реалноста стана пречка која или ќе се надмине или и оваа ќе заврши како сите други иницијативи.

За да не останеме на меморандуми и на спогодби, потребно е да се преземе ризик и да се забрзаат процесите – тоа е голем предизвик со уште поголеми очекувања, но сигурно подобро отколку да не се преземе ништо. Некои луѓе се познати по своите знаења, вештини и искуства, додека, пак, други по својата храброст и решителност да влијаат врз општествениот развој. Тоа се вика ризик. Во свет кој се менува со огромна брзина единствена стратегија што е гарант за неуспех е воопшто да не се ризикува. Ние бизнисмените решивме да ризикуваме и го поддржавме „Отворен Балкан“, па затоа со целосно морално право бараме тоа да го направат и политичките лидери.


Политичките лидери мора да ризикуваат затоа што досегашната пракса покажува дека најмногу грешат во примената. Политичарите и административците сметаат дека некое прашање е разрешено кога ќе се потпише меморандум или меѓународен договор за тоа, а бизнисмените сметаат дека тоа прашање е решено само кога видно ќе почувствуваат дека бирократските чекори, времето или трошокот за да завршат некоја работа им се скратени за пола. И тоа е јаз кој сѐ повеќе се зголемува меѓу нив и нас, и покрај тоа што упорно велиме дека работиме на јавно-приватниот дијалог во државата, но и во регионот. Просто како двете страни да гледаат некој различен филм. И просто е неверојатно дека во 2021 година политичките лидери сѐ уште констатираат дека се вчудовидени од (не)соработката на граничните служби.

Какви се состојбите? Досега имавме 72 иницијативи и обиди за регионално подобрување на соработката. Што е економскиот ефект од сето тоа? Во периодот 2014 – 2020 година БДП на регионот пораснал за само 28 отсто, БДП од глава на жител за 30,8 проценти, а извозот од 32 пораснал на 43,9 милијарди евра. Но во тие бројки на интрарегоналната размена отпаѓаат само 16,7 отсто. Во 2020 година размената со земјите од Западен Балкан, на пример кај нас, учествува со 10,2 проценти од вкупната размена на нашата држава.

Едно е неспорно – сите сме согласни дека долгорочна визија за стабилен и за победнички Балкан е креирањето регион каде што границите се од помало значење, а протокот на луѓе, стоки и на капитал е слободен. Иницијативата „Отворен Балкан“ постави заложби конечно да се разрешат многу од прашањата што со години ги измачуваат регионалните бизниси. И лидерите на трите држави кои се засега вклучени во иницијативата изразија силна поддршка да се спроведе тоа. Она што е уште поважно е фактот дека ова е автентична регионална иницијатива, која потекнува изворно од регионот, а не форсирана од некого отстрана. За ова да профункционира, потребно е да се влезе во ризик.

П.С. Имаше една емисија „Врти-сучи тоа ти е Скопје“, ама има една сегашност – врти-сучи повторно кај нас внатрешни проблеми, кои сигурно ќе имаат рефлексија и врз состојбите во бизнисот кај нас, но и врз нашата улога во регионалните процеси. Затоа, не е на одмет уште еднаш да се повтори дека при конципирањето на излезните решенија мора да се калкулира со нивното влијание врз бизнисот, кој е основа на нашето постоење. 

Бранко Азески, претседател, Стопанска комора на Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден