16 Декември, 2025
0.0536

Азески: Апсурд над сите апсурди

Објавено во: Економија 04 Мај, 2021 07:03

Добивај вести на Viber

НЕКОГАШ ДА ГРАДИШ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ, А ДЕНЕС ДА НЕ ЈА ГРАДИШ СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА 

Нелогичностите поврзани со определени појави кои ги нарекуваме „апсурди“ е тема која се избегнува, затоа што е врзана за непријатни случувања во минатото, но и денес. Сметам дека за нив мора отворено да се зборува, не за некој да се најде навреден или нападнат туку за да се најде решение за нив.

Како и за сѐ друго, и за „апсурдите“ мора да постои основа. Основата на сите наши „апсурди“ е секогаш да бидеме „наопаку“. Светот во еден правец – ние во друг. Кога сите се здружуваа во деведесеттите, ние се раздружувавме. Денес кога пандемијата доведе до ориентирање кон националните држави, ние се обединуваме. Наутро зборуваме за напредни технологии, попладне работите ги решаваме со мотика по глава, а навечер на песните од Цеца забораваме на сѐ. Во меѓувреме времето се пополнува со дискусии дека никој не ни чини, дека другите се подобри од нас и дека само нам ни се случуваат лоши работи.


Градежништвото е врв на сите наши „апсурди“. Да имаш градежна оператива која градела на три континенти, а денес да не може да гради во сопствената држава е сериозен „апсурд“. Зборуваме за градба на инфраструктурни објекти. Деновиве претседателот на Здружението на градежништвото, Андреа Серафимовски, ме извести дека постои сериозна загриженост за состојбите во оваа гранка, која опфаќа 7,2 проценти од вкупните деловни субјекти и вработува 6,9 отсто од вкупно вработените лица во државата. Од раст од 8,9 отсто во третиот квартал на 2019 година, во јануари 2021 година градежништвото бележи пад од 16,7 проценти.

Тие сметаат дека е тоа резултат на неколку фактори.

1.  Немање државен амбиент за развој на градежниот сектор, кој како и секоја сериозна стопанска гранка бара време, одрекувања и многу работа за да се обезбеди напредок.

Сигурно е дека ни врвот кој го постигнавме во осумдесеттите години не беше постигнат бргу, туку беше осмислен процес на државата за негова експанзија.

2.  Во моментов, од 7 експресни патишта, кои се изведуваат, само 1 го изведуваат домашни компании. Другите ги изведуваат странски компании.

Дополнителен проблем е и тендерската процедура, која, прво, ги прави неконкурентни домашните компании во поглед на бараната висина на годишниот обрт на компанијата (пример, минимум 200 милиони евра обрт за објект кој вреди 35 милиони евра) и, второ, цената како приоритетен услов за добивање на работата (пример, во моментов се раскинати 3 договори со странски компании кои понудиле најниски услови, но не можат да ја завршат работата). Со домашните компании не е раскинат ниту еден договор. „Апсурдот“, исто така, е и во тоа што ние, во областа на инфраструктурата, бројот на домашните компании го сведовме на едноцифрена бројка.

3.  Порастот на цената на градежните материјали има огромно влијание врз денешните состојби во градежниот сектор, затоа што цените на лимот и на цевките за челични конструкции пораснаа до 80 отсто, на геокомпозитот и на термоизолацијата до 50 проценти, на арматурното железо до 40 проценти итн.

Бидејќи ние се определивме да градиме Комора на иднината, нема веќе да бараме државата да конципира мерки. Ние ќе ги конципираме тие мерки на професионален начин, во рамките на Здружението, и, ако треба, со надворешни соработници, со експерти и со компаративни анализи од другите држави и силно ќе лобираме и како институција и како поединци работите да тргнат напред, затоа што со силата на аргументите сме убедени дека градежниот сектор во делот на инфраструктурата ѝ е потребен на нашата економија.


Браната Асуан во Египет, аеродромот во Багдад, автопатиштата во Полска, Украина, Русија, во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Албанија и повеќе од сто моста, тунели и сложени воени комплекси и ден-денес ги носат обележјата на градежните претпријатија „Пелагонија“, „Гранит“, „Маврово“ и „Бетон“. Преку 100.000 работници, инженери и архитекти ја остваруваа егзистенцијата во градежниот сектор и во придружните дејности поврзани со него. Тоа значеше огромен девизен прилив, но и сериозна репутација на државата. Јас не велам дека е тоа правецот во кој треба да одиме, но мислам дека мора да отвориме сериозна расправа.


Бранко Азески,

претседател на Стопанската комора на Северна Македонија


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи