05 Декември, 2025
0.1538

Азија врие од милијардери

Објавено во: Стил 28 Февруари, 2013 16:23

Добивај вести на Viber

На азискиот континент има повеќе милијардери во споредба со остатокот од светот, а зад него следат Северна Америка и Европа, покажуваат резултатите од студијата на кинескиот магазин за богаташи “Хурун Рипорт“. 1.453 богаташи се регистрирани во јануари,чие богатство надминува една милијарда долари. Азија има 608 милијардери, Северна Америка 440, а Европа 324. Меѓу поединечните земји по бројот на милијардери доминираат Соединетите Американски Држави и Кина со 408 и 317 богаташи, а зад нив следат Русија, Германија и Индија. Мексиканскиот милијардер Карлос Слим е наведен како “најбогат човек на планетата“ со богатство од 66 милијарди долари. Седумдесет и тригодишниот милијардер се наоѓа и на врвот на листата на “Форбс“ на најбогати луѓе за минатата година. Американскиот инвеститор Ворен Бафет и Аменсио Ортега од Шпанија, основач на брендот “Зара“, се вториот и третиот на листата на “Харун Рипорт“ со богатство од 58 и 55 милијардил долари. Се проценува дека вкупното богатство на милијардерите е 5,5 илјади милијарди долари, колку што е вредноста на економијата на Јапонија за 2012 година. Минатата година бил забележан скок на вредноста на богатството на приватниот сектор, се наведува во извештајот и се додава дека нето имотот на 10-те најбогати луѓе од листата пораснала за 22 отсто за една година, или 250 милиони долари дневно. Реалниот број на милијардери би можел да биде и три пати поголем бидејќи голем број супербогаташи го кријат своето богатство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: