Азир Алиу: Не е професионално сега да споменуваме имиња и институции за кардиолoшките интервенции
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2025 15:45
Министерот за здравство Азир Алиу во телефонска изјава за Канал 5 денес уверува дека одговорните ќе бидат објавени со име и презиме, откако вчера министерството објави дека формираната комисија утврдила најмалку 10 непотребни кардиолошки интервенции на штета на Здравствениот фонд.
Јавноста на ова реагираше дека министерството не објавило ниту едно име и дека не е покрената пријава до Обвинителството.
Алиу рече дека не сака да прави шоу и дека ќе се чека комисијата да ги утврди фактите. Не било професионано да се споменуваат имиња и институции. Откако ќе се утврдат фактите, ќе следат пријави до надлежните, најавува тој.
- Целта на овој процес е правда, а не да креираме спектакл. Нема да дозволиме да се скрие каква било вистина. Нема да прогласиме никого за виновен пред да заврши професионалната работа на нашата комисија.
Финалниот извештај ќе биде објавен со целосна транспарентност и секој прозван ќе сноси сооодветна одговорност. Ќе бидат адресирани институциите кои што се одговорни, изјави Алиу.
Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




