19 Декември, 2025
0.0529

Азиските берзи силно пораснаа, еврото под притисок

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2014 11:18

Добивај вести на Viber

Цените на акциите на азиските берзи утрово силно пораснаа бидејќи најавите за натамошно ублажување на на монетарната политика во Кина и еврозоната ја поттикнаа склоноста на инвеститорите кон ризични инвестиции. Курсот на еврото од утрово е под притисок. Најмногу утрово, за околу 2%, скокнаа цените на акциите во Шангај и Хонг Конг, додека берзанските индекси во Сингапур, Јужна Кореа и Австралија се зголемија меѓу 0,1 и 1 процент. На берзата во Токио денеска е неработен ден заради празници. Азиските инвеститори ги охрабри неочекуваниот потег на кинеските монетарни власти, кои во петокот ги намалија каматните стапки за првпат по повеќе од две години. Референтната каматна стапка за едногодишни кредити се намали за 0,4 процентни поени, на 5,6%, а каматата на едногодишните депозити за 0,25 процентни поени, на 2,75%. Потегот на кинеската Централна банка следеше по низа сигнали за забавување на втората по големина економија во светот. Според одредени информации, кинеските власти се подготвени и дополнително да ја либерализираат монетарната политика со цел да го придвижат растот и да се изборат со заканите за дефлација. На валутните берзи, пак, вредноста на еврото е под притисок уште од петокот. Утрово курсот на еврото во однос на доларот се доближи до минимумот од последните 26 месеци - 1,2357 долари. Во однос на јенот, пак, европската валута падна на 145,7 јени. Доларот, пак зајакна во однос на јапонскиот јен, па неговиот курс утрово се движи околу 117,9 јени. Сепак, се уште е далеку од 118,98 јени кои ги достигна минатата недела и кои претставуваат рекордно ниво во последните седум години.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја