Азманов за Фактор: Ќе купам четвртина од Реплек, се вртам кон фармацевтскиот бизнис
Објавено во: Економија 20 Јули, 2021 07:48
Нема да застане овде - бизнисменот Зоран Азманов за Фактор вели дека планира да купи до 25 отсто од акциите на Реплек. Тој веќе влезе меѓу акционерите кои имаат над пет отсто од акциите со право на глас во фармацевтската компанија. Моментно една од најмоќните градежни компании има 5,95 проценти од капиталот, а Азманов вели дека тој контролира и повеќе акции затоа што купувал и преку другата негова фирма Интекс АД. Само за акциите кои ги купи Настел тој искешира над 2,5 милиони евра, а единствениот мотив, како што вели, е што сака да се проба и во овој бизнис. Аспирира и за позиции во раководството на компанијата и вели дека ќе направи друштвото да ги удвои приходите и добивката. Реплек пролетоска поминуваше низ турбуленции откако на првата седница на Годишното собрание не помина извештајот за работата на менаџментот па му висеше фотелјата на првиот човек на Реплек долгогодишниот директор Иван ТУџаров. Сепак тој остана на врвот, но останаа и ветровите на промени, а сега Азманов го потврдува тоа.
„Сакам да ја зајакнам позицијата на Настел во фармацевтскиот бизнис. Реплек има добра перспектива, а и јас имам сериозни планови за ова друштво. Ќе ја зголемам добивката и ќе ги удвојам приходите, вели Азманов за Фактор и додава дека повторно купува акции и дека нема да запре се додека не стаса до поголем процент односно барем до 25 отсто од акциите со право на глас.
Потврдува дека има акции и преку Интекс, а веќе знае од кој ќе купува, но не откива. Најавува можност да стекне акции и преку берзанска аукција. Таква една Реплек веќе организираше веднаш по настаните околу акционерското собрание но поради понудената висока цена, не се реализираше.
Азманов се жали од моментната ситуација во градежниот бизнис и вели дека му стојат добиените локации само заради тоа што не добива одобрение за градба. И ова што велгувал во други бизниси го коментира како потег за да помогне во Македонија, како што вели, и покрај притисоците кои ги имал.
„Планирам да отворам и болница, а локацијата веќе ја имам. Сега влегувам во таков бизнис, вели Азманов за Фактор.
Настел поседува моментно 1.543 обични акции во Реплек. Количината која ја има Интекс и лично Азманов тој не ја откри. Најголеми акционери во фармацевтското друштво освен Настел се Иван Туџаров кој поседува 10,4 отсто, Славица Туџарова со 11,57 проценти, Душан Пецовски има 11,92, а Владимир Пецовски 5,79. Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд поседува 6,02 проценти од акциите, а компанијата Ситко Антонио 6,1 проценти акции.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




