25 Април, 2024
0.0268

Баба Ванѓа ја утна за 2018-та, што предвидува за 2019-та

Објавено во: Стил 31 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Германски „Билд“ на крајот на 2018-та објави цела статија за слепата пророчица од Струмица, Баба Ванѓа, анализирајќи ги до сега нејзините најголеми „успеси“, но и неостварени визии. Евангелија Пандева Гуштерова, која ги предвиде Брегзит и нападот на 11 септември, се повеќе станува популарна и во Германија, иако е почината од 1996-та година на 85-годишна возраст. Старица станува мегапопуарна со предвидувањето на Втората светска војна непосредно пред нејзиниот почеток, а потоа и во непосреден контакт со роднините на војниците на кои им давала „информации“ за тоа што се случува со нивните најблиски на фронтот.

Пред почетокот на 2018-та се предвидуваше дека најголемо „откритие“ на Баба Ванѓа ќе биде тоа дека Кина ќе стане економска сила број еден во светот оваа година, но според „Билд“ тоа не се случило затоа што најнаселената држава на светот повеќе нема толкав забрзан раст и не е најголем извозник по вкупна вредност на производите.

За 2019-та предвидува дека катастрофите ќе бидат најинтензивни во Русија, Азија и Европа: Водни маси ќе уништуваат невини луѓе, голема економска криза ќе удри во ЕУ, а на двајца моќни претседатели им се заканува смрт.

Сепак, за нејзините визиии се потребни толкувања бидејќи ги кажувала преку загатки и слики. Освен тоа, самата таа не ги запишува нејзините предвидувања, па затоа толкувачите и нејзините обожаватели мора да се потпрат на сведоштвата на оние кои ја посетувале и слушале.

Според Баба Ванѓа, во 2019-та мегаземјотреси ќе ги погодат Пакистан, Индија, Кина, Јапонија, Индонезија и делови од Алјаска. Во Европа ќе има тектонски поместувања во економијата. Рускиот претседател Владимир Путин ќе има закани од некој од внатрешниот круг на неговиот тим за безбедност. Не е јасно дали Путин ќе преживее. На американскиот претседател Доналд Трамп (72),му се заканува мистериозна болест со гадење, ненадејна загуба на слухот, оштетување на мозокот и конечно глувост. Еден од членовите на неговото семејство ќе доживее сообраќајна несреќа.

Баба Ванѓа е родена во 1911 година во Струмица, а на 13-годишна возраст ослепува и добива визионерски суперсили. Бугарскиот крал Борис III во 1943-та година барал совети од неа и станува бугарски владин претставник со своја резиденција, откако им помогнала на бугарските власти да пронајдат исчезнат човек.



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти