07 Октомври, 2024
0.0321

Бабата и нејзиното последно возење со такси низ град...читајќи ќе ви застане кнедла во грло

Објавено во: Стил 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Ова писмо кое денес ви го пренесуваме се споделуваше пред неколку години. Денеска се навраќаме на приказната од која кога ќе ја читате можеби ќе ви застане грутка во грло. Можеби ќе ви го покаже патот кон кој треба да се движите во животот а ние топло ви препорачуваме да ја споделите со вашите пријатели бидејќи е вредна за читање.

Стигнав на адресата и свирнав со свирката. Откако почекав неколку минути, свирнав повторно. Бидејќи ова требаше да биде моето последно возење за оваа смена, си помислив да си заминам, но наместо тоа, ја паркирав колата, дојдов до вратата и тропнав. „Само момент“, се одѕва болежлив глас на стара особа. Слушав како нешто се влече по подот.

По долга пауза, вратата се отвори. Малечка женичка во своите 90-ти стоеше пред мене. Таа носеше шарен фустан и мала шапка со превез прикачен на неа, како да беше од некој филм од 40-тите.

До неа имаше мал најлонски куфер. Станот изгледаше како никој да не живеел таму со години. Мебелот беше покриен со чаршафи.

Немаше часовници на ѕидот, немаше садови и прибор на полиците. Во ќошот имаше картонска кутија, полна со фотографии и некои стаклени предмети.

„Ќе ја однесете ли мојата торба до колата?“– праша таа.

Јас го земав куферот и го сместив во таксито, а потоа се вратив да ѝ помогнам на жената. Таа ме фати за рака и полека се придвиживме до тротоарот. Таа постојано ми се заблагодаруваше за мојата љубезност.

Јас ѝ велев: „Нема за што. Јас само ги третирам моите патници како што сакам да ја третираат мајка ми.“

„Ох, вие сте толку добро момче“, рече таа.

Кога влеговме во таксито ми даде адреса и ме праша: „Може ли да возите низ центарот на градот?“

„Тоа не е најкраткиот пат“, одговорив брзо.

„Ох, не ми пречи. Не брзам. Одам во дом за стари лица.“

Погледнав во ретровизорот. Нејзините очи светкаа. „Не ми остана никој од семејството“, таа продолжи со мек глас. „Докторот ми кажа дека не ми преостанува уште многу од животот.“ Јас бесшумно досегнав до таксиметарот и го исклучив.

„По кој пат сакате да возам?“ – прашав јас.

Во текот на следните два часа се возевме низ градот. Ми ја покажа зградата во која порано работела како управувач со лифтот.

Се возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле како млади. Ме натера да застанам пред еден магацин за мебел кој порано бил студио за танцување каде таа одела да танцува кога била девојче.

Понекогаш ми велеше да подзабавам пред некоја зграда или кај некое ќоше и потоа седевме така гледајќи во темница и не кажувајќи ништо.

Како што првиот сончев зрак започна да го прекрива хоризонтот, таа одненадеж рече: „Уморна сум, да си одиме сега.“

Возевме во тишина додека да стигнеме до адресата која ми ја даде. Тоа беше ниска зграда. Како мал санаториум со пат кој минуваше под настрешницата на влезот.

Само што застанавме двајца болничари дојдоа до таксито. Тие беа грижливи и внимателни, гледајќи го секој нејзин чекор. Сигурно ја очекувале.

Го отворив багажникот, го извадив малиот куфер и го однесов до вратата. Жената веќе беше сместена во инвалидска количка.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни