05 Декември, 2025
0.2186

Баби и дедовци во Романија ќе добиваат плата за грижата кон своите внуци

Објавено во: Стил 17 Април, 2013 12:15

Добивај вести на Viber

Конзервативната партија, кој е дел од владејачката коалиција во Романија, подготви законска иницијатива со која се предвидува можност бабата и дедото на дете, кое има две или три години, да добиваат месечен паричен надомест за грижа на внучето, додека родителите му се на работа, пишува весникот „Романија либера“.

Паричната помош е во износ од една минимална плата во земјата, која од 1 февруари е 170 евра.

Конзервативната партија објаснува дека ваквиот предлог има за цел да го зголеми наталитетот и да ги натера младите семејства да имаат деца.

Фондот за население на ОН претходно предупреди дека романската нација се повеќе старее.

Друг аргумент, кој оди во корист на овој предлог, е фактот дека државните градинки во Романија не ги задоволуваат потребните услови, додека приватните претставуваат голем финансиски товар за повеќето семејства.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: