19 Мај, 2024
0.0306

Бабини совети: Храната како лек. Која што лекува?

Објавено во: Стил 27 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Храната како лек: може да ви помогне за мигрена, несоница, болки во грлото, мускулите или предменструални симптоми.

Еве која храна е лек за некои болести:

Болки во грлото - природен лек - мед

Медот има антибактериски и антиоксидантни својства и ги ублажува болките во грлото.

Ставете 2 лажици мед во топол чај и пијте по една чаша на секои два до три часа по потреба. Некои истражувања тврдат дека Темниот мед има подобро антибактериско дејство. Мед можете да ставите и во јогурт, салати или да го користите во колачи.

Ѓумбирот ја олеснува мускулната треска по физичка активност

11

Ако не сакате воспаление на мускулите после активни вежби, време е за ѓумбир.

Едно истражување покажува дека ако консумирате два грама свеж ѓумбир (околу 2 лажици) пред вежбањето секој ден во текот на една недела и пол, веројатноста да ве болат мускулите од кревање тегови е за 25 отсто помала.

Ѓумбирот содржи антиинфламаторни состојки и има дејство како лековите против болка. Се препорачува при гадење и непријатност. Можете да консумирате и во супи или сендвичи.

Против несоница употребете киви

киви

Жените почесто имаат проблеми со спиењето, а ова овошје може да ви помогне. Една тајванска студија покажа дека жените кои јадат 2 киви на еден час пред спиење во текот на еден месец заспиваат 14 минути побрзо и имаат подолг сон.

Едно од можните објаснувања е дека кивите го зголемуваат нивото на серотонин, хормонот кој е брз билет до земјата на соништата.

Консумирајте го кивито како дел од овошна салата или овошни сокови.

Мигрената се ублажува со семки од тиква

семки

Кога страдате од мигрена изедете неколку семки од тиква.

Тие се богати со магнезиум, минерал кој недостасува кај луѓето кои страдаат од мигрена. Овој недостаток предизвикува стеснување на крвните садови околу мозокот.

Можете да консумирате Семки од тиква и во салати и десерти.

Карито помага при главоболки

Според истражувањето од 2006 год. од шкотскиот институт, зачинот кари содржи компонента, која присуствува во аспиринот. Што значи дека го има истото дејство. За да немате главоболка зачинете ги салатите и месото со овој зачин.

За менструални болки - бадеми

бадем

Ако секој месец имам менструални болки, решението е бадеми.

Студија, која е објавена во списанието „American Journal of Clinical Nutrition“, откри дека високата содржина на рибофлавин во храна како бадемите ја намалува можноста за развивање на ПМС со 35 проценти. Околу 40 бадеми ќе ви дадат 30 отсто од потребната дневна доза рибофлавин.

Додаде ги бадемите во мусли, јогрут или користете ги како гарнир со боранија.

Боровинки против инфекции во уринарниот тракт

боровинки

Боровинките помагаат во лекувањето на инфекциите на уринарниот тракт и на цистите. Количеството на активната супстанција е помало, но затоа пак се многу подостапни - можете да ги купувате свежи или суви. Од друга страна боровинките се многу добар антиоксиданс.

 Марула

марула

Жените кои се соочуваат со болки за време на месечниот циклус - ПМС, имаат зголемено ниво на естроген. Храна богата со магнезиум може да ја намали болката. Затоа навикнете се секој ден да јадете салата од марула или зелка и грст бадеми. Само не чекајте кога ќе ви дојде месечниот циклус.

Масло од каранфилче

карамфилче

Маслото од каранфилче не е лек со кој се решава проблемот, но се намалува забоболката. Нема да ви го излечи забот, но во ситуации кога не сте во можност да одите на забар, многу ќе ви помогне.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“