19 Април, 2024
0.0258

Бадникарското финансирање

Објавено во: Колумни 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Трошоците што Здружението ги има од првиот ден на почнувањето на Бадникувањето во Скопје и кои од ден на ден се се поголеми ги намируваме од донации.Од прв ден се имаме договорено дека сме непрофитна,неполитичка и неверска(повеќето сме православни, но не ја врзуваме акцијата со Црквата) и кон тоа строго се придржуваме.Се трудиме да поминуваме со што помалку трошоци во секој поглед-до последен момент гледаме да користиме спонзорства и помош од нашите сограѓани и симпатизери,кои не се малку и кои здушно ни помагаат.Важи максимата што повеќе луѓе да ни помагаат макар и симболично,отколку само малкумина со позначајни донации.На тој начин сметаме дека бадникарството се шири и јакне и во тоа не се иамаме излажано.

Лале касапот даваше 2000 денари и секоја година по двеилјадитата година уште по денар плус,Ѓоко винклерот донираше од самиот почеток по 100 марки,често добивавме уплати од фирми што не ги знаевме,Драги од Спектротерм финансиски не поткрепуваше беше незаменлив во првите години на пикникот на Краста,Дуле Хермо упорно и несебично донира и како Кум заедно со шурата Коле,Славко Теновски кој долго не правеше безбрижни кога превозот ни беше ноќна мора.....со еден збор даваа од срце,а ние не правевме разлика колку и што.

Сеедиме кај Жабарот и се штукаме,на сметка нема ни банка,а иде Бадник.На една од масите седи Бабуш наш голем пријател-претставник на Технометал во Букурешт со неколкумина колеги,исто така претставници во разни европски земји,играат табла и си потпивнуваат(дојдени си се дома за празниците)се шегуваат и потпевнуваат во опуштена атмосфера.„До кај сте бадникари?“-прашува Бабуш....„Скоро до никаде“,снуждено му одговара Мац,„нема мангари,ама ќе се снајдеме, секој од одборот ќе даде од џеб и квит“,дециден е координаторот.Во свој стил,со оптимизам, Бабуш без размислување го уверува....„Тоа нема да дозволиме“....и тие веднаш извадија од џеб пари во разни валути(сумата не беше за потценување) и му ги даваат на Мац.А тој не ги прима,стана и некаде замина....дојде по извесно време со искуцана потврда на машина за пишување со точниот износ на сумата во неколку примероци со печатот на Одборот(познатиот овален)откако го мавна на перничето со мастило го завери документот со негов потпис и потпис на Бабуш ги зеде парите,а на вчудовидените дарители со широка душа и лесна рака им објасни-„Да не се збори по Скопје,волку-толку,нека си има документ“....Трговците тоа го одобрија со смеа и општа зезанција што продолжи во дружба што долго ќа ја паметиме!....

При посетата на градоначалникот на Скопје(градоначалник е Трифун Костовски наш Кум, ама како бизнисман, а не политичка личност) искрено не прашува –Ви треба ли помош?...Собираме рамења и тој сфати.Брцна во внатрешниот џеб на сакото и извади сноп банкноти од по илјада денари и без да ги пребројува му ги дава на Мац.Се заблагодаруваме,а тој уредно од папка вади каса-прими,пополнува во два примерка и ја уфрла сумата од која ни се заврте во главата....Трифун се смее со симпатија, но знае дека ние еден во друг имаме безгранична доверба како Одборници(нели така)но градот преку кафеанските бадијалџии има голема уста!!!!...

Примери колку сакаш.Намерно го одлагам апострофирањето на Тоде, како наш здушен и долгогодишен спонзор и повеќе од симпатизер и на Жика- Алакалоид....не од неблагодарност, но од почит на нивната хуманост,добродетелност и скромност....ним им е важно да продолжиме да постоиме,а бадникувањето да се шири на општо задоволство на скопјани!!!!!


Мојсо Мојсовски 

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок