Бафет во потрага по „нафтени бисери“
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2016 15:10
Звучи речиси неверојатно. Додека светот стравува од „претсмртна агонија“ на нафтените цени, бидејќи најголемиот производител Иран се враќа полека на светските пазари, инвеститорската легенда Ворен Бафет смело добива се повеќе акции на компании од нафтената бранша.
85-годишниот мултимилиардер покажува дека се придржува кон мотото дури и во подоцнежните години: „Бидете алчни кога другите се плашат“ - овој негов цитат е меѓу најпознатите негови изјави. И може да биде задоволен од тоа мото. Со своите жешки облози за растечките цени на нафтата и за обновување на нафтената индустрија тој може да стане уште побогат. Кривата на цената на нафтата оди нагоре - само минимално по години на пад, но сепак - нагоре, коментира „Bloomberg“.
Инвеститорите во суровини токму откриваат по долго пребарување зрак надеж. Земјите производители на нафта размислуваат после цели 15 години за нов меѓународен договор за замрзнување на производството на нафта. Иако ова е само една нестабилна изјава за намера, при што Иран и Ирак треба да го следат примерот, идејата за поставување на горна граница на производство обезбедува олеснување, како што може да се види од движењето на цената на нафтата.
А Бафет веќе се обложува на тоа. Една од неговите последни трансакции е за купување на 26,5 милиони акции од оператор на нафтоводи „Kinder Morgan“ со седиште во Хјустон . Вредноста на учеството изнесува 396 милиони долари. Зделката очигледно е извршена уште во декември. На каква вредност на акциите се случила таа, не е јасно.
Покрај тоа Бафет го зголеми учеството во „Phillips 66“ до 14,3 отсто. Сегашниот негов ангажман во фирмата го чинел 6 милијарди долари. Инвестициската компанија на Бафет „Berkshire Hathaway“ веќе е најголемиот акционер во компанијата која има рафинерии и бензински пумпи. Последно Бафет има стекнато удел од компанијата во средината на јануари, непосредно пред цената на американската лесна сурова нафта да падне за прв пат од 12 години под 30 долари за барел. „Phillips 66“ е меѓу најголемите нафтени компании во светот.
Последователните договори во испитувањето на тешкотии во индустрија покренаа некои прашања. Толку силно ангажирање во нафтената индустрија во овој момент е најмалку ризично. Ништо не укажува на тоа дека ќе има долготрајно зголемување на цените на нафтата. Или барем не за брз пораст. Затоа инвеститорската легенда ќе треба да покаже сериозно трпение пред инвестициите да му се исплатат. Акциите на „Phillips 66“ заостануваа со месеци зад заедничкиот пазар, дури неодамна се почнаа да се развиваат истовремено со „S & P 500“.
Па зошто Бафет инвестира толку упорно во секторот? Мултимилијардерот не се смета за коцкар или за шпекулант во однос на цените на суровините. Тој им припаѓа повеќе на оние кои ги набљудуваат внимателно компаниите, пред да инвестираат во нив. Бизнисот со нафта не е непозната територија за него. Тој веќе има стекнато голем број на оператори на гасоводи. За Бафет секогаш најважно е прашањето поврзано со тоа дали цената на акциите се одразува на долгорочната вредност на компанијата.
Често токму со тоа Бафет правел навистина добри инвестиции.
Затоа веројатно за него цената на нафтата е од секундарно значење. Ова ја покажува и неговата инвестиција во „Philipps 66“.
Нафтената компанија не е меѓу оние чии акции паднаа заедно со цената на нафтата. Значи во случајот не станува збор за огромен попуст во цената. Акциите на поранешната сестринска фирма на „ConocoPhillips“ поскапеа речиси двојно од 2012 година.
Можеби Бафет навистина открил нов бисер?
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




