01 Јули, 2024
0.0250

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Објавено во: Свет 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека има намера да го победи републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, не давајќи никакви индикации дека размислува да се откаже од трката по слабите резултати во дебатата што ги загрижи демократите.

„Знам дека не сум момче, да го нагласам очигледното“, рече Бајден на митинг ден по дебатата со неговиот републикански ривал, нашироко сфатен како пораз за 81-годишниот претседател.

„Не одам лесно како порано, не зборувам глатко како порано, не дебатирам како порано“, рече тој додека толпата скандираше „уште четири години“.

„Верувам дека можам да ја работам оваа работа“

„Не би се кандидирал повторно доколку не верувам со целото мое срце и душа дека можам да ја работам оваа работа. Влогот е превисок“, рече Бајден.

Вербалните сопнувања и повремените нејасни одговори на Бајден ги загрижија гласачите дали претседателот е способен да отслужи уште еден четиригодишен мандат, што поттикна некои од неговите колеги демократи да се запрашаат дали тој би можел да биде заменет со друг кандидат пред изборите на 5 ноември.

Од друга страна, за време на дебатата, Трамп (78) изнесе низа лажни наводи и избегнуваше прашања, предизвикувајќи прашања за неговата сопствена соодветност, но фокусот по дебатата главно беше на Бајден, особено кај демократите.

Хаким Џефрис, највисокиот демократ во Претставничкиот дом, избегна директно да одговори на прашањето дали се уште верува во кандидатурата на Бајден.

„Ја поддржувам кандидатурата. Го поддржувам демократското мнозинство во Сенатот. Ќе направиме се што е можно за да го вратиме Претставничкиот дом во ноември. Ви благодарам на сите“, им рече тој на новинарите.

Другите демократи, исто така, не одговорија директно на прашањето дали Бајден треба да остане во трката. „Тоа е одлука на претседателот“, изјави демократскиот сенатор Џек Рид за локална ТВ станица на Род Ајленд.

Лоша ноќ за Бајден, велат неопределените гласачи

Анкетите со неопределени гласачи потврдија дека тоа беше лоша ноќ за Бајден. Неговиот настап беше опишан како слаб, непријатен и тежок за гледање.

Кампањата на Трамп објави видео од застанувањата на Бајден во петокот. „Синоќа светот виде кој е тој. Не е способен да служи“, рече портпаролката Керолин Левит.

Еден републикански советник рече дека дебатата ќе им помогне на републиканците во државите наклонети кон демократите како Вирџинија и Минесота.

Слабиот настап на Бајден во дебатата предизвика вчудоневидени реакции кај глобалната јавност, со јавни повици тој да се повлече, што веројатно ги остави некои од најблиските сојузници на Америка во состојба на подготовка за можното враќање на Трамп.

Поранешниот американски претседател Барак Обама во петокот призна дека Џо Бајден имал „лоша“ дебата против републиканецот Трамп во четвртокот, но тој ја задржал својата поддршка за Бајден.

„Може да се случат лоши дебатни ноќи. Верувајте ми, го знам тоа“, напиша Обама на X.

„Но, овие избори сепак се избор помеѓу некој кој цел живот се борел за обичните луѓе и некој кој се грижи само за себе“, напиша Обама, додавајќи дека „миноќешната ноќ тоа не го промени“.

Околу 48 милиони ТВ гледачи ја следеа претседателската дебата во САД меѓу демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот републикански конкурент Доналд Трамп, според прелиминарните податоци на Нилсен.

Таа бројка покажува дека публиката била за една третина помала од 73-те милиони луѓе кои го гледале првото соочување меѓу истите кандидати во 2020 година и дека таа била меѓу трите најслабо рангирани први претседателски дебати од 1976 година.

Тој релативно низок број во споредба со минатите дебати во последните изборни циклуси може да укаже на низок ентузијазам на гласачите за двајцата кандидати. Меѓутоа, тој не го опфаќа целосно гледањето преку Интернет, кое станува сè попопуларно како што опаѓа традиционалната телевизиска гледаност.

Следната дебата Бајден-Трамп е закажана за 10 септември, а домаќин ќе биде ABC News.


Foto: Printscreen Facebook life video

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна