(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2024 14:33
Шумски пожари има во турските летувалишта, а евакуирани се гостите на хотели во Кушадаси.
Шумски пожари избиле во Езине во округот Кушадаси во провинцијата Ајдин и во окрузите Мендерес, Селчук, Тир и Чешме во Измир, а турските пожарникари ги гасат од копно и од воздух. Евакуирани се жителите на неколку села. Првиот пожар избил во атарот на селото Карачадаг, вчера попладне, и неговото гасење почнало во рок од десетина минути, вклучувајќи и од воздух, пренесе телевизијата ТРТ Хабер.
Друг пожар избил во одморалиштето Чешме во истата провинција Измир, како и долж автопатот Измир-Чешме. Поради пожарот делницата од Измир до Чешме била затворена за сообраќај околу дваесетина минути, но по интервенцијата на пожарникарите, патот е повторно отворен.
Голем шумски пожар гори во провинцијата Измир во близина на приморското село Памучак, а набрзо се проширил до шумата на одморалиштето Кушадаси во соседната провинција Ајдин.
Сообраќајот на автопатот Селчук-Кушадаси е прекинат поради пожарот, кој од воздух го гасат четири авиони и пет хеликоптери.
Поради пожарот кој поради ветерот се движел кон Кушадаси, евакуирани се два хотели во округот Бајраклидеде. И претходните години во екот на сезоната имаше пожари во Турција.
foto printskrin
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




