БАКАРОТ ИМА ДОБРА ЦЕНА: Луѓето го продаваат во отпадите – колку можат да заработат?
Објавено во: Економија 20 Август, 2025 07:34
Извесно време бакарот има добра цена, што ги мотивира луѓето доколку го имаат дома да го продадат во отпад.
Од отпад до отпад има разлика во цените и тие годинава се движат и до 400 денари. Вработените во отпадите објаснуваат дека луѓето им носат бакарни садови, бакарни жици, го вадат бакарот кој го има во апаратите за домаќинство.
„Оваа година цената на бакарот не падна под 300 денари за килограм. Сега е 370 или 360 денари и таа варира според берзата. Бакарот обично го вадат од стари апарати, фрижидерот има мотор, а во моторот има бакар. Исто и од жици вадат бакар“, велат од отпад во Скопје.
Оние луѓе кои се ажурни во собирањето на бакарот и негово продавање, велат дека годишно земаат по 500 до 600 евра. Има професии каде работниците по завршувањето на работните задачи можат да го земат отпадот во кој има бакар, истиот потоа дома го вадат, го собираат во поголема количина и го продаваат во отпад.
„Кај нас килограм бакар чини од 380 до 400 денари за килограм. Највеќе вадат бакар од инсталации и од апаратите за домаќинство. Луѓето носат помали количини од 5 до 10 или 15 килограми. Има луѓе што се сервисери на машини и тие носат по 200 до 300 килограми бакар годишно. Некои што се посериозни луѓе, што го ценат секој денар, размислуваат да земат пари од тоа. Постари луѓе се тоа. Младите не се заинтересирани, ретко некој да носи од нив. Цената требаше да биде повисока, ама засега е толку. Во отпадите цените варираат, зависно од тоа колку можат да сработат. Последните 5 години бакарот има добра цена, најниската цена беше 350 денари, ама тоа траеше кратко. Веќе три години бакарот има солидна цена“, велат од отпад во Битола.
Во некои градови има само по еден отпад, а во други и по неколку каде се откупува бакарот.
„Исчистен бакар кај нас е 400 денари. Физичките лица носат мала количина“, додаваат од прилепски отпад.
Во дел од отпадите велат дека генерално кај нив доаѓаат истите луѓе со години и предаваат отпад.
„Кај нас цената е 400 денари за килограм. Зависно од берзата се менува и цената. Секој носи различно, зависно од тоа колку бакар има дома. Ни носат бакарни садови, но и од мотори од апарати вадат бакар. Има различни клиенти и постари и помлади. Тие што носат бакар се редовни, независно дали цената е 300 или 400 денари. Чистат отпад од дома и ќе заработат со тоа“, додаваат од друг отпад во западна Македонија.
Пред неколку години во медиумите имаше поплаки за кражби на кабли кои содржат бакар. Цената на бакарот би можела да постави нови рекорди во 2025 година, според прогнозите на водечките светски трговски куќи. Традиционално, Кина доминира со побарувачката на бакар, но пазарот значително се промени поради огромниот увоз во САД. Највисоката забележана цена на бакарот беше речиси 11.000 долари во мај 2024 година. Цените на бакарот се оценети како историски и на дневна основа се движат или над 9.600 или изнесуваат повеќе од 9.700 долари за тон.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




