18 Декември, 2025
0.1244

БАКШИШОТ Е ДОБРА МОТИВАЦИЈА: Koлку може да заработи еден келнер?

Објавено во: Економија 27 Мај, 2025 07:17

Добивај вести на Viber

Во екот на туристичката сезона, во Охрид и Струга може добро да се заработи од бакшиш. Сопствениците на угостителските објекти,  велат дека добар келнер, во текот на месецот може да заработи уште една плата по основ на бакшиш. Вкупната заработка месечно може да биде околу 1.000 евра или над таа сума. Странците почесто оставаат бакшиш, а домашните гости тоа поретко го прават.

„Aко платата им е 30.000 денари,  келнерите можат плус една до две плати да заработат како бакшиш. Сите газдите што ги знам, не им се мешаат на вработените во бакшишот. Преку лето има повеќе гужва, повеќе работа и повеќе бакшиш. Преку зима тука се нашите гости, ама и нашите оставаат, оти цените завршуваат со 90, 80 денари и туристите оставаат бакшиш така што ја заокружуваат сумата. На странците им е полесно да оставаат бакшиш. Зависи колкава е сметката, но и зависи од услугата, ако се задоволни, ако вработените се љубезни, тогаш даваат бакшиш. Посетителите сакаат кога луѓето се љубезни со нив. Сите што се Балканци, тие се чаламџиски народи, а чалам се прави со пари, така што даваат бакшиш и спремни се и последниот денар да го потрошат. Даваат бакшиш и Србите. Познати по давање бакшиш се Американците и мислам дека се број 1 во цел свет. Сите оставаат по некој денар. Ако има работа, еден келнер сосе бакшиш може да заработи 1.000 евра месечно“, вели сопственик на охридско кафуле.

Во Скопје, бакшиш оставаат странците, но и луѓето кои се од побогатите општествени слоеви.  Стружани пак објаснуваат дека во јули и август преку лето е полно во градот, имаат поголем прилив на гости и можност да земат бакшиш.

„Може добро да се заработи од бакшиш во Струга, посебно во локалите во центарот на градот и тоа во периодот кога доаѓаат печалбарите. Јули и август се најдобри месеци, има многу гости и тогаш може да се заработи од бакшиш. Тие што доаѓаат од Швајцарија најчесто даваат бакшиш“, објаснува сопственичка на кафуле во Струга.

Но, во источниот дел од државата каде одмораат домашните гости, потешко се доаѓа до бакшиш.

„Потешко оди со бакшиш во Берово, оставаат од 10 до 50 денари, веројатно затоа што најчесто доаѓаат домашни гости во градот“, вели Благој Зелнички, угостител од Берово.

Во Дојран странците почесто оставаат бакшиш при посета на некој угостителски објект.

„Странците се случува да остават бакшиш, а нашите гости многу ретко го прават тоа. Србите, Грците, транзитните туристи даваат бакшиш. Релативна работа е бакшишот“, објаснува Ана Ајсева, која работи како келнерка во сезоната.

Сепак, се смета дека „меките вештини“ се клучни за еден келнер да биде успешен во својата работа и да добива бакшиш од клиентите. Важни се позитивниот став, добрата комуникација со гостите и брзо решавање на проблемите или евентуално ако има некаква забелешка. Се смета дека просечниот износ на бакшишот е еднаков на 20 отсто од износот на сметката.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје