„Банана“ за Амди Бајрам од ДУИ
Објавено во: Анализа 22 Декември, 2017 09:06
Амди Бајрам најверојатно нема да добие шанса да се приклучи на пратеничката група на ДУИ без оглед што неговиот глас во Собранието би бил од големо значење за владината коалиција со шанси да го зголемат своето парламентарно мнозинство.
Политичарот кој користеше фудбалски жаргони да ги опише своите маестрални потези против Бранко Црвенковски и други противници, сега кошаркарски кажано доби „банана“ од ДУИ, односно блокада за обидот да си најде своја група во Собранието со која ќе дејствува во координација.
Од ДУИ посочуваат дека Амди Бајрам може да делува како независен пратеник без да е дел од никоја пратеничка група и како ќе настапува во Собранието, односно како ќе гласа ќе биде негова апсолутна слобода.
Неодамна Амди Бајрам иако е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да присуствува во работата на Собранието иако опозицијата се договори да бојкотира што беше знак дека веќе не ги слуша насоките на Груевски.
Да потсетиме дека Амди Бајрам во минатото има изјавувано дека неговата партија која ги застапува Ромите ќе биде во коалиција со тој што е на власт за да може да оствари поголеми права иако јавноста долго време е свесна дека главна причина за неговата „љубов“ кон Груевски беа вработувањата на неговите кадри во државната администрација.
Со оглед на тоа што СДСМ има проблеми со Алијансата за Албанците и потенцијално растурање на коалицијата поддршка ќе им биде потребна од нови пратеници во Собранието, односно рекомпонирање на силите за што веќе се шпекулира дека во игра за нови договори се пратениците на ГРОМ Саздовски и Минов, како и пратениците на ДПА. СДСМ заедно со ДУИ имаат 59 пратеници, нив би ги поддржал евентуално и Весел Мемеди кој ќе ја напушти коалицијата во Собранието со Алијансата, бидејќи неговата партија и онака не настапи со Зијадин Села на локалните избори туку со СДСМ и ДУИ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





