19 Декември, 2025
0.0487

Бањата Стрновац очекува над 10.000 посетители

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016 09:26

Добивај вести на Viber

Бањата Стрновац во општина Старо Нагоричане лани имаше 8.000 посетители, а оваа сезона се  очекува бројот на гости да надмине 10.000.

Официјално од 1 јуни бањата е отворена за капачите, а просторот е среден, малиот базен е покриен со мрежа, и има видео надзор.

„Бањата Стрновац има нов изглед. Се одржува 24 часа, имавме некои градежни зафати и од 1 јуни таа работи. Температурата на водата е 39.5 степени, а планираме и да засадиме цвеќе околу бањата. Имаме проток на вода 12 литри во секунда. Гости покрај од Куманово и соседните градови како Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Штип, ни доаѓаат и од соседна Србија од Прешево, Бујановац и Врање“- вели Борко Соколовиќ, директор на јавното комунално претпријатије „Козјак“ од општина Старо Нагоричане кое стопанисува со бањата.

Бањата е оддалечена 2 километри од излезот на селото Старо Нагоричане, или 17 километри од Куманово. Таа е лоцирана на десниот брег на реката Пчиња. Тука луѓето доаѓаат поради благотворното дејство на водата, но и рекреативно само поради капење.

13335684_897642367024690_5955087946353816256_n

За да бањата биде подостапна за посетителите, во текот на летото дел од локалните превозници организираат и превоз до Стрновац.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии