14 Мај, 2024
0.2104

Банкар со 15 години искуство ви дава искрени совети за парите!

Објавено во: Стил, Финансии 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

„Со речиси 15 години искуство во банкарството, гледав како банките работат и заработуваат пари. Тоа влијае на тоа како ги избирам производите и соработувам со финансиските институции“.

Ова се советите на искусен банкар а кои ги пренесува Бизнис Инсајдер.

1. Најдобрите понуди се за нови клиенти

Банкарството е константна битка за клиенти. Ако трагате по најдобрите можности, ќе мора да се префрлите на нови продукти. За тоа постои едноставна причина - многу банки имаат тимови кои се платени врз основа на тоа колку нови банкарски сметки има. Исто така тука е тимот кој се грижи за постојаните клиенти кои сакаат да генерираат што поголем профит, и тие се помалку дарежливи.

2. Бидете искрени сами со себе и фокусирајте се на долгорочни вредности

Многу луѓе остануваат долго со нови производи бидејќи им е „напорно“ да се префрлуваат од еден на друг продукт секоја година. Бирајте производи кои се базирани на долгорочни вредности, а не на моментални најдобри понуди.

3. Сите трошат повеќе пари кога се на картичка, вклучувајќи ве и вам

Така велат многу истражувања, и искуства. За да ги држите трошоците под контрола, носете со себе само една картичка (ако имате повеќе), и вклучете ја опцијата да ви стига порака колку сте потрошиле тој ден. Исто така, можете да носите со себе и кеш, ако ви е полесно така да ги контролирате парите.

4. Не викајте му на оној кој е задолжен за комуникација со клиентите

...Не е добро платен за она што го работи, а што е поважно, не е виновен за тоа што се случува. Подобра стратегија е да бидете љубезни со човекот од кол центарот. Тој човек му поднесува извештај на надредениот, а колку повеќе сте љубезни, полесно ќе дојдете до решение.

5. Само затоа што банката вели дека може да имате, не значи дека тоа може да си го дозволите

Кога банката смета дали нешто можете на себе да си дозволите (на пример да ви одобри кредит), има едноставни параметри. Банката сака да биде сигурна дека ќе го платите својот месечен долг. Но, не ги зема предвид вашите други трошоци. Затоа е подобро сами да ги земете сите можности но и трошоци во обзир.

6. Ако не ја разбирате понудата, немојте да купувате

Сетете се на лошата состојба со оние кои имаат кредити во франци, или договор „со ситни букви“ кои никој не ги чита. Никогаш немојте да се плашите да поставувате прашања за кои мислите дека се глупави, и би требало да го избегнувате се она што не го разбирате. Сложеноста е непријател на транспарентноста и обично непријател на купувачот.