19 Декември, 2025
0.0427

Банкарите и гувернерката на средба: Нема исплата на дивиденди

Објавено во: Економија 04 Март, 2021 15:27

Добивај вести на Viber

Банкарите на средба со гувернерката Анита Ангеловска Бежоска - тема на разговорите денеска е Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците. Присуствувале претствниците на сите банки членки на Македонската банкарска асоцицијација МБА. Иако не е конкретно наведено, банкарите ќе ја испочитуваат одлуката и нема да поделат дивиденда. Заклучено било во иднина да имаат навремена соработка за евентуално да се види дали има можност за предвремено укинување на времената забрана.

„Договорено е во наредниот период дополнително да  се интензивира споделувањето податоци и информации од банките и штедилниците со Народната банка.  Со тоа ќе се олесни навременото оценување на потенцијалните ефекти од КОВИД кризата што ќе овозможи и оцена дали има можност за предвремено укинување на временото ограничување за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците, притоа водејќи се од целта за постојано одржување на финансиската стабилност, што е во интерес на сите субјекти во економијата, вклучително и акционерите во банките и штедилниците, стои во соопштението.

На средбата имало дискусија, а гувернерката Бежоска ги презентирала согледувањата и причините за носење на споменатата Одлука од страна на Советот на Народната банка.

„Мерката на  Народната банка беше оценета како превентивна, во функција на натамошно јакнење на потенцијалот на банките и штедилниците за  справување со последиците од Ковид кризата, во услови на сеуште изразена неизвесност и потенцијални ризици. Едногласно беше констатирано дека како резултат на здравите фундаменти на банкарскиот систем, политиките и мерките преземени од страна на Народната банка, како и прудентното управување и работење од страна на банките и штедилниците, банкарскиот сектор во досегашниот период успешно одговори на сите предизвици од КОВИД кризата и обезбеди континуитет на сигурно и стабилно работење, како и испорака на  значајна кредитна поддршка спрема реалниот сектор и населението. Довербата на граѓаните и компаниите во банките и штедилниците останува на високо ниво, што се гледа и од растот на вкупните депозити, кои во јануари 2021, споредено со истиот месец минатата година, се зголемени за 6,3 проценти, велат од МБА. 

Истовремено, Македонската банкарска асоцијација апелира до политичките структури и сите други субјекти во земјава да се воздржат од какви било неиздржани и непроверени коментари, оценки и квалификации за состојбите во банкарскиот сектор, а особено да избегнуваат политички маркетинг на сметка на банките и штедилниците и интересите на сите нивни клиенти – граѓани и компании, како и на нивните акционери.  


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии