16 Јануари, 2025
0.0280

Банкарите од регионот на обука за трговско финансирање во Охрид

Објавено во: Економија 13 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во Организација на Меѓународната финансиска корпорација, членка на Групацијата  - Светска банка, од денеска до 17 мај во Охрид ќе биде спроведена обука за трговско финансирање за банкарите од Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, насочена кон подобрување на услугитe во областа на регионално ниво.

Дваесет претставници од десет банки од регионот на собирот во Охрид ќе ги разработуваат и унапредуваат способностите за пласирање на пазарот производи и услуги што се поврзани за трговското финансирање.

ИФЦ обезбедува обуки за банките и за другите финансиски институции за подобрување на нивните пракси во структурирањето на трансакциите за трговското финансирање и за намалување на ризикот. На работилницата во Охрид организирана од страна на Канцеларијата на ИФЦ во Скопје, ќе биде објаснето како да се управува со ризиците при такви трансакции, илустрирано со практични примери. Глобалната програма за трговско финансирање на ИФЦ им нуди на банките делумна или целосна гаранција за обврските за плаќање на трговските трансакции на пазарите во развој. Советодавната програма на ИФЦ е посебно осмислена и развиена како поддршка на локалните банки во насока на  развој на нивните капацитети за трговското финансирање.

- Обезбедувањето обука е важен дел од настојувањата во рамки на програмата да им се помогне на банките на пазарите во развој да обезбедат трговското финансирање на увозниците и извозниците, особено на малите и средни претпријатија, изјави Скот Стивенсон, директорот за глобална трговија и решенија за синџирот на снабдување на ИФЦ, додавајќи оти целта на активностите е да се поттикнат локалните банки за нивно вклучување во поголеми трговски зделки. Раководителот на канцелариите на ИФЦ за Македонија и Црна Гора Зоран Мартиновски во обраќањето до учесницигте на средбата во Охрид истакна дека обуката ќе им помогне на банките-учесници да ги подобрат своите продажни вештини во трговското финансирање, нагласувајќи дека собирот е одлична можност за воспоставување контакти во заедничката потрага по нови бизниси и потенцијални пазари за развој.

Глобалната програма за трговско финансирање на ИФЦ е основана во 2005 со цел да ја промовира трговијата помеѓу пазарите во развој, да го зголеми уделот на земјите во развој во глобалната трговија и да го поддржи протокот на добра и услуги помеѓу овие земји.

ИФЦ е најголема глобална развојна институција што се фокусира исклучително на приватниот сектор. Нивните активности се насочени кон помош на земјите во развој во нивните обиди за постигнување одржлив развој преку финансирање инвестиции, мобилизирање на капиталот на меѓународните финансиски пазари иобезбедување советодавни услуги на бизнисите и на владите. Во текот на фискалната 2012 година инвестициите на ИФЦ изнесуваа 20 милијарди долари, преку вложувања во потенцијалите на приватниот сектор за создавање нови работни места, поттикнување иновации и справување со сложените светски развојни предизвици.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја