Банките на Кипар почнуваат со работа
Објавено во: Свет 28 Март, 2013 09:11
Банките на Кипар денеска отвараат во 11 часот и ќе работат до 17 часот во услови на исклучително ограничен режим на повлекување пари, воведен од Централната банка, со цел да не се дозволи масовно истекување на капиталот.
Повлекувањето на пари од шалтерите и банкоматите се ограничува на 300 евра дневно по лице и по банка. Плаќањата и паричните трансакции за странство не можат да надминат пет илјади евра месечно, а луѓето, кои го напуштаат островот ќе можат да изнесат најмногу илјада евра.
Забрането е претворање во готовина на банкарските чекови, а орочените депозити не смеат да бидат повлекувани предвремено.
Дозволени се трговски операции со трансфер кон странски сметки без ограничувања до сумата од пет илјади евра, но со доставување на документи за потврда на зделката.
Операции во вредност меѓу пет илјади и 200 илјади евра ќе се извршуваат само со согласност на специјален контролен орган. Зделките над 200 илјади евра ќе можат да се реазлизираат со претходна согласност на контролниот орган и по проверка за постоење на потребната ликвидност на кредитната институција.
Членови на семејството ќе можат да испраќаат пари за плаќање на образованието или за издржување на свои роднини до пет илјади евра на три месеци.
Европската унија на предлог на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо одлучи да состави специјална акциона група за да им помогне на кипарските власти при обновувањето на економската и социјалната стабилност на земјата.
Во интервју за кипарската државна телевизија министерот за финансии Михалис Сарис не ја исклучи можноста во Кипар да има нови скратувања на платите и пензиите.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




