15 Ноември, 2024
0.0283

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА ЗА ИЗМАМИ СО КРИПТО ВАЛУТИ: Се обрати директно до своите клиенти

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Стопанска банка преку порака на Вибер ги информира своите клиенти и воедно јавноста за зачестени измами поврзани со наводни инвестиции во криптовалути, како што се Bitcoin и други. Според информациите кои банката ги добила од Министерството за внатрешни работи и интернет порталите, измамниците ги насочуваат граѓаните да вршат трансфери на средства кон сметки кои тие ги посочуваат.

Од Банката апелираат до клиентите да бидат исклучително внимателни при користење на дигиталните банкарски услуги и да следат неколку важни препораки:

Избегнувајте инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите што ги користите за пристап до дигиталното банкарство.

Преноси на средства преку дигитално банкарство правете исклучиво кон сметки кои ви се познати и за кои знаете на кого гласат.

Ако некогаш сте биле жртва на измама, има голема веројатност измамниците повторно да се обидат да ве контактираат, претставувајќи се како адвокати или лица кои ќе ви помогнат да ги вратите средствата. Во такви случаи, може да побараат дополнителни финансиски средства.

„Бидете внимателни и заштитете ги вашите средства,“ апелираат од Стопанска банка, нагласувајќи дека сигурноста на клиентите е нивен приоритет.


Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

„ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОЛЕКА ЗАКРЕПНУВА“: ЕК предвидува раст на БДП во 2025 година на цела ЕУ од 1,5 проценти

„ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОЛЕКА ЗАКРЕПНУВА“: ЕК предвидува раст на БДП во 2025 година на цела ЕУ од 1,5 проценти

ЦРНА СТАТИСТИКА НА ЕВРОПА: Драстично е зголемен бројот на банкроти

ЦРНА СТАТИСТИКА НА ЕВРОПА: Драстично е зголемен бројот на банкроти

БАНКРОТ НА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КОМПАНИИ ЗА МЕБЕЛ: Беше омилена и меѓу македонските потрошувачи

БАНКРОТ НА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КОМПАНИИ ЗА МЕБЕЛ: Беше омилена и меѓу македонските потрошувачи

Младите губат огромна сума пари за коцкање на странски сајтови, законот е подготвен за нивна забрана

Младите губат огромна сума пари за коцкање на странски сајтови, законот е подготвен за нивна забрана

СО БРЗ ВОЗ ДО БУДИМПЕШТА: Најдоцна до март 2026 брз воз ќе ги поврзе Србија и Унгарија

СО БРЗ ВОЗ ДО БУДИМПЕШТА: Најдоцна до март 2026 брз воз ќе ги поврзе Србија и Унгарија