БАРАЊЕ ДО ПУТИН ДИРЕКТНО ОД БРИСЕЛ: „Русија да ја деблокира клучната рута, ова е покана“

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022
Претседателката
на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати покана до Москва за
разговори со цел да се овозможи извоз на украинската пченица која стои во
пристаништата како резултат на руската поморска блокада.
„Најважно е да се деблокира Црното Море. Ова е покана за Русија“, рече фон дер Лајен во интервју за Ројтерс на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Таа оцени дека кризата со храна брзо се приближува и дека е потребен некаков дијалог со Москва за да се „отклучат“ 20 милиони тони пченица блокирани во Украина.
„Не може да биде во интерес на Русија луѓето да умираат од глад во светот поради Русија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека треба да се најде решение за да се создаде коридор за транспорт на храна.
Русија и Украина заедно учествуваат со речиси една третина во светската понуда на пченица, а Украина е и голем извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка.
Фон дер Лајен оцени дека Европската унија треба да го зајакне сопственото земјоделско производство преку обезбедување бенефиции за земјоделците за други култури или да го зголеми производството на пченица.
Што се однесува до финансирањето на обновата на Украина по војната, таа вели дека ЕУ размислува да ги искористи замрзнатите средства на руската централна банка и руските олигарси.
„Основното чувство за правда ни кажува дека треба да го погледнеме и да го разгледаме. Тоа не е тривијална работа, уништувањето на Украина беше направено со руската целосно неоправдана војна, и затоа, ако целиот свет помогне во обновата на Украина, Русија треба да исто така сноси фер дел од тој трошок“, додаде Фон дер Лајен.
ФОТО: EPA/LAURENT GILLIERONМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Кадиров: Не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?

Азербејџан му се извини на Путин за убиството на руските војници во Нагорно - Карабах, нудат уште нешто

ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз
