Барозо: Да се забрза создавањето на европска банкарска унија
Објавено во: Свет 03 Април, 2013 21:36
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска го критикуваше одложувањето на формирањето на европска банкарска унија, во време на кризата на презадолжениот Кипар.
„Банкарската унија да постоеше денеска, управувањето со тешкотиите со кои се соочуваме на Кипар ќе беше значително полесно“, рече Барозо во текот на дводневната посета на Прага.
Европските лидерите уште во декември начелно се договорија за формирање на банкарска унија со единствен надзорен механизам. Новите чекори се очекуваа во текот на оваа година, но работата беше забавена.
Германија и Франција ги здружија силите и повикаа на формирање единствена банкарска супервизија како прв чекор кон целосна банкарска унија, што ќе претставува основа за поголема интеграција во ЕУ и засилување на нејзината отпорност на евентуалните идни финансиски кризи. Велика Британија, пак се противи на ваквата идеја.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




