БАШ КОГА ТИЕ САКАА ДА ЈА ОТКАЧАТ РУСИЈА, ТАА ГИ ОТКАЧИ НИВ: Путин ги забрани Visa и Mastercard, светските банкари шокирани
Објавено во: Свет 06 Јануари, 2018
Рускиот центар за нова финансиска технологија Финтекс забрани два најчесто користени платни системи на светот, Visa и Mastercard.
Руските власти не сакаат на странски компании како Visa и Mastercard да им даваат пристап до најновата финансиска технологија во Русија. Портпаролот на Финтекс рекол дека овој потег е поврзан со безбедносни прашања.
Русија го промовира сопствениот платен систем „Mir“. Сите Руси вработени во државни институции и пензионери се обврзани да ги заменат своите Visa и Mastercard дебитни картички со „мир картички“.
Во мај само три отсто од Русите имале мир дебитни картички, а 70 отсто од испитаниците рекле дека не виделе потреба за алтернативен платен систем. Како и да е, овој потег на Русија, Западот не го очекуваше. Сега грозничаво размислуваат што наумила Москва.
Со вестите дека Путин издал наредба работата околу крипторубљата да се води кон крај, се мириса на неволја која од Москва оди кон Запад.
Финтекс е основан во декември 2016 година од страна на Руската централна банка, Сбербанка, ВТА, Гаспромбанка, Алфа банка, и други големи банки и финансиски институции, како би се развила и имплементирале нови технолошки решенија и дигитализација на руската економија.