„Бауер“ за 8 милиони евра ќе гради нова зграда за Агенцијата за храна и ветеринарство
Објавено во: Економија 15 Март, 2022 07:30
Агенцијата за храна и ветеринарство во системот за јавни набавки објави дека е склучен договор за 8 милиони евра со „Бауер“ за изградба на нова административна зграда со лабораториски простории.
Зградата ќе се гради во Општина Аеродром а проектант е „Прима Инжемеринг“. Цената на договорот е 515.202.937 денари.
Изградбата треба да биде завршена за две години. Исплатата ќе се врши месечно според сработеното, без авансно плаќање. Понудата била доставена до АХВ пред шест месеци од „Бауер“. Станува збор за работа на површина од 2.655 метри квадратни.
Покрај „Бауер“, имало уште седум понудувачи меѓу кои уште Вардарградба, Страбаг, Бетон, АК-Инвест, Гранит, Стентон Градба и Фабрика Карпош. Највисоката понудена цена без ДДВ била 652,7 милиони денари.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството се наоѓаат во комплексот на поранешен „Македонија Табак“ помеѓу Аеродром и Кисела Вода во Скопје, имот кој сега е во сопственост на една од деловните банки како поранешна хипотека.
Двете институции наскоро треба да се отселат затоа што просторот е сензитивен поради тамошната преселба на Агенцијата за национална безбедност. Според огласот што беше објавен изминатата есен, АНБ таму треба да купи имот до 2.100 метри квадратни, а цената да не биде поголема од 90.000 денари по квадрат.
Компанијата Бауер БГ во периодот од 2011 година до првата половина на 2014 година градеше најинтензивно преку јавните набавки, а од сите државни институции и општини со кои работела инкасирала договори вредни 30,8 милиони евра.
Како што е познато, „Бауер БГ“ доби многу големи тендери за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, пред се од Град Скопје додека градоначалник беше Коце Трајановски, а воедно компанијата учествуваше во изградбата на објекти од проектот „Скопје 2014“.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




