Баварија и Хесен бараат промена на системот за распределба на буџетски средства
Објавено во: Свет 25 Март, 2013 15:56
Германските покраини Баварија и Хесен поднесоа тужба до највисокиот суд во земјата, ставајќи го под прашање системот на распределба на буџетски средства на посиромашните региони во земјата.
Баварските власти наведуваат дека заедно со властите на покраината Хесен, поднеле тужба до Сојузниот Уставен суд, барајќи буџетскиот систем да биде изменет бидејќи само три од 16 германски покраини уплатуваат средства во буџетот, додека 13 покраини добиваат пари од него.
Во Баварија и Хесен на власт е централно-десничарската коалиција на канцеларката Ангела Меркел и во двете покраини во септември ќе бидат одржани регионални избори, истовремено со одржувањето на парламентарни избори во Германија.
Трета покраина што дава пари во буџетот е Баден-Витенберг, во која на власт е опозицијата. Оваа покраина не се приклучи на тужбата.
Минатата година во рамките на распределба на средства на покраините, поделени се 7,9 милијарди евра. Системот на распределба на средства во Германија има за цел обезбедување на еднакви услови за живот во целата земја.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




