БДП со раст од 3,7 отсто, има ли фајде од таквите активности?
Објавено во: Економија 11 Март, 2016 10:43
Домашниот бруто-производ порасна 3,9 отсто во последниот квартал лани покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Растот го билда пред се градежниот сектор каде што е забележан најголем пораст од 33.7%.
За разлика од моторот на БДП, другите сектори имале многу понизок раст.
Секторот на рударството и преработувачката индустрија, заедно со снабдувањето со електрична енергија и гас бележат раст, од 1,4 отсто, а солидно е нивото и кај секторите стручни, научни и технички дејности, од 12,7 отсто.
Статистика покажува дека нема зима и за банкарскиот сектор каде финансиските и дејностите на осигурувањето забележале 11,8 отсто.
Пораст забележале и трговијата и транспортот, од 7,3 отсто, информациите и комуникациите за 4,6 отсто, како и дејностите во врска со недвижен имот, од 1,9 отсто.
Меѓутоа, среќни ли сме со статистички растови на БДП доколку не се создаде економија која може да го финансира порастот на квалитетот на живеењето на народот е правило кое важи без разлика која политичка партија ги влече економски потези и без разлика во која економија истите ги имплементираме?
Професорот Крсте Шајноски во неодамнешната колумна зборуваше токму за овој проблем-„Зошто Македонија не е среќна со ваков раст на БДП?“
„Значи гревот е уште поголем доколку се декларираш дека правиш добро, а свесно во „кал до гуша“ го вовлекуваш сопствениот народ. И перверзијата да биде поголема овие манипулации му се продаваат на истиот тој народ, како најдобро нешто што му се случува.
И така, додека лидерот на партијата на власт ја продолжува канонадата со најави на нови странски инвестиции, не само опозиционерите, туку и неговите приврзеници (поискрените) почнаа да се прашуваат за фајдето од таквите активности. И без нив, земјата остваруваше раст од 4-6,5%, а денеска, и со нив и со интензивно зголемување на долгот на државата, никако да ги оствариме планираните 3,5%.
Веќе станаа дегутантни фалбите на власта дека Македонија остварува раст кој е меѓу неколкуте највисоки во Европа. Повторно и овој резултт го продаваат како нешто исклучително. Впрочем, тие и ниеден потег не повлекуват доколку претходно не смислат како истиот да го продадат. Но, како и при секоја продажба кога трговецот не ја кажуваа целата вистина, тука овде свесно забораваат да потенцираат дека, по правило, неразвиените економии остваруваат или треба да остваруваат повисоки стапки на раст од развиените. Па, затоа е несоодветно споредувањето со нив. За успехот или неуспехот на макроекономската политика на Македонија пореално говорат споредувањата со земјите на слично ниво на развој. Земјите во подем и земјите во развој остваруваат повисок раст од Македонија- 4,6% во 2014 и 4% во 2015 година. Притоа, азиските земји остварија респективно 6,8% и 6,6%. Дури и земјите од оваа категорија во Европа остварија стапки од 2,8% и 3,4% респективно. Затоа е манипулативно истакнувањето на растот од 3% како некакво чудо во Европа“, смета Шајноски.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




