19 Декември, 2025
0.0458

Беа на работ, а денес владеат со Европа!

Објавено во: Свет 04 Ноември, 2014 15:13

Добивај вести на Viber

Дваесет и пет години по падот на Берлинскиот ѕид, со Европа денес владее Германија, а не Брисел, Париз или Лондон, а постојаната криза на еврозоната само ја зацврстува нејзината позиција, сметаат аналитичарите. „Два пати ги победивме Германците, а тие пак се враќаат“, рече поранешната британска премиерка Маргарет Тачер по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, предвидувајќи дека обединувањето ќе донесе превласт за Германија во Европа. „Пред падот на Ѕидот, Германија беше на маргините на Европа, а денес е во средиштето и на географски, и на економски и на политички план. Германија е јадрото на европскиот реактор. Во текот на финансиската криза, Берлин беше најважно место во Европа, а не Брисел“, вели Карел Лану, директор на Институтот за европски политички истражувања во Брисел. Обединета Германија навистина се наметна како моторна сила на Европската унија, со оглед на тоа што учествува со повеќе од 27% во производството на еврозоната. Со оглед на големото економско влијание, Германија се повикува за помош почесто од кој било европски партнер кога станува збор за давање финансиска помош за земјите притиснати од долгови и за спасување на Европа од финансиски колапс. Стравувајќи од бесот на сопствените гласачи, германската канцеларка Ангела Меркел најпрвин одбиваше да ги земе парите на германските даночни обврзници за програмите за финансиска помош со кои требаше да се врати довербата во европската валута. Затоа и го доби прекарот „госпоѓа најн“. Но, на крајот таа сепак попушти и се вклучи во мерките за финансиска стабилизација, но во исто време застана на чело на една помала група земји, воглавно северноевропски, со кои бара поостра буџетска контрола и непопуларни мерки за штедење. Аналитичарите сметаат дека сегашната моќ на Германија произлегува од нејзините економски успеси: пред само неколку години, на почетокот на 2000-та, оваа земја ја нарекуваа „европски пациент“, но денес сликата е целосно сменета. „Моќта на Берлин веројатно е привремена“, оценува Лану, а како главни предизвици ги наведува демографскиот пад и слабиот наталитет. Спротивно на очекувањата, додека економската криза ја зајакна позицијата на Германија во Европа, многумина му забележуваат на Берлин затоа што не презема поголема улога на меѓународната политичка сцена. „Германија во рамките на Унијата игра нерешително и не сака да преземе водечка улога на меѓународна сцена, а тоа пак го спречува и Брисел да дејствува без нејзино одобрување“, нагласува Лану.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја